1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Смартфоните во Германија се‘ уште се статусен симбол

Колку е повисоко нивото на образование на корисникот и колку му се поголеми приходите, толку е поверојатно дека е корисник на смартфон. Дури 12,5 проценти Германци немаат воопшто мобилен телефон.

default

Според податоците на Институтот за истражување на пазарот ГфК, 18,2 проценти граѓани во Германија, на возраст над 14 години, се корисници на смартфон. Седумдесет проценти од граѓаните имаат други видови мобилни телефони, додека цели 12,5 проценти воопшто немаат мобилен телефон. Истражувањето потврдува - колку граѓанинот е пообразован и има поголема плата, толку е поверојатно дека има мултимедијален телефон. „Во иднина, на пазарот ќе доминираат смартофните“, оценува експертот за телекомуникации Роман Фридрих за весникот „Велт ам Зонтаг“. Кај голем број понудувачи, бројките на продажба растат со голема брзина. На пример, од десет мбоилни телефони што во моментов ги продава Телефоника, девет се смартфони. Кај Телеком процентот е 64%. „За понудувачите на мобилна телефонија, корисниците на смартфони се многу ’повносни’ од корисниците на обични мобилни телефони“, вели Фридрих, додавајќи дека интернет-можностите ги зголемуваат месечните сметки.

Истражувањето покажува дека смартфони имаат 22,4% мажи и 17% жени. Кога мерило е возраста, пак, најмногу корисници на смартфони се лицата на возраст од 20 до 19 години - речиси 45%.

Автор: ЕМФ/дпа

Редакто: БГ