1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Случај Тимошенко - нов процес, стари обвиненија

Во Украина започна втор процес во рок од една година против поранешната премиерка и опозициона лидерка Јулија Тимошенко. Продолжуваат обвинувањата за политички мотивираното судство.

Речиси поливина година по пресудата за злоупотреба на положбата, поради потпишување договор за гас со Русија, денеска започнува ново судење против неа. Сега место на судењето не е главниот град Киев, туку источно-украинскиот град Чаркив. 51-годишната Тимошенко таму лежи во женски затвор.

Јавното обвинителство ја обвинува Тимошенко за затајување данок во милионски суми. Обвинението се однесува на периодот од средината на 90-тите години. Тогаш Тимошенко била шефица на приватната компанија „Обединети енергетски системи на Украина“, која имала монополска позиција на украинскиот пазар за гас и направила милионски приходи. Од тој период датира нејзиниот прекар „Принцеза на гасот“.

Папарели со случајот на Ходорковски

Обвинувањата не се нови – потекнуваат уште во 2001-ва. Пред 11 години таа помина неколку недели во притвор, но потоа беше ослободена. Сите обвинувања против неа подоцна беа отфрлени. Тоа е погрешно, смета денес канцеларијата на украинскиот јавен обвинител.

Герхард Зимон, експерт за Источна Европа на универзитетот во Келн, смета дека случајот на Тимошенко потсетува се’ повеќе на процесот против Михаил Ходорковски. Поранешниот нафтен магнат и милијардер беше осуден во Русија на долгогодишна затворска казна поради економски криминали. Претприемачот и и Западот сметаат дека пресудата е политички мотивирана.

„Во 90-тите години малкумина заработија ненормално многу пари преку деловни практики, кои би можеле да се наречат како нечисти“, рече Зимон.

Истото важи и за Русија и за Украина. Тимошенко наводно припаѓа на тие луѓе, смета германскиот експерт. Како и да е, во годините по распадот на Советскиот Сојуз тоа било вообичаена пракса.

Ukraine Julia Timoschenko Staatsanwaltschaft

Експертите сметаат дека украинските власти сакаат да ја тргнат Тимошенко од видното поле

„Политички мотивирано судство“

Набљудувачите нагласуваат дека новото обвинение против Тимошенко е покренато на 13-ти октомври 2011 година, само два дена откако судот во Киев ја осуди поранешната премиерка поради злоупотреби на службената положба. Првото судење веќе предизвика сензација како во Укаина, така и во странство.

Исто така и вториот процес украинските опозиционери и експерти, како Констјантин Дикан од киевскиот центар за еконмски и политички студии „Расумков“, го нарекуваат политички и зборуваат за фарса. Дури и пред десет години беа покренати слични обвиненија против Тимошенко, но тогаш ништо не беше потврдено, вели Дикан.

„Веројатно Тимошенко сега ќе добие уште една затворска казна“, укажува експертот од Киев. Освен тоа, поранешната шефица на владата треба пред Западот да се претстави како криминалец. Но, западните политичари ги обвинија украинските власти за политички мотивирано судство. Еден од нив е Маркус Ленинг, ополномоштеник за човекови права во германската влада.

„Значајно е да се види дека не само против госпоѓата Тимошенко, туку и против останати поранешни членови на нејзината влада се водат процеси или вече се изречени пресуди“, изјави за Дојче веле Ленинг.

Поранешниот министер за одбрана Валериј Ивашченко осуден е на петгодишна затворска казна, а поранешниот министер за внатрешни работи останува четири години зад решетки. Ленинг ја повикува „украинската влада да ги ослободи сите овие луѓе“. „Ова е политички мотивиран процес за казнување на поранешната влада и отстранување на политичките конкуренти од теренот“, смета германскиот политичар Ленинг.

Ukraine Timoschenko Schuldspruch Prozess Urteil Jewgenija Timoschenko

Новиот процес се толкува како спречување на можноста за ослободување од првата пресуда

Се чини дека овој впечаток сега ќе се засили. Вториот случај против Тимошенко започнува половина година пред парламентарните избори во Украина. Партијата на Тимошенко има 13-процентна поддршка и за малку е зад владеачката Партија на регионите. Додека е во затвор, таа не може да биде политички активна.

„Госпоѓа Тимошенко, а со неа и опозицијата, треба и мора да се тргне од погледот на актуелната влада, пред изборите и по можност подолго време во иднина“, вели експертот Зимон.

Други можни методи

Новиот процес против Тимошенко започнува неколку недели пред Апелациониот суд во Киев во средината на мај би можел да ја укине изречената пресуда од првиот процес.

Сергеј Власенко, адвокатот на Тимошенко, смета дека украинското судство со новиот процес сака да спречи нејзино можно ослободување. Во следниве месеци се очекува и пресуда од Евроскиот суд на правдата. Упатените во случувањето не исклучуваат дека сидиите од Стразбур би можеле да пресудат во корист на Тимошенко. А, украинските власти веќе истражуваат и други случаи против поранешната премиерка. Затоа експертите не очекуваат брзо ослободување на предвоничката на Портокаловата револуција во Украина.