1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Случај Перковиќ: Скелети во орманот на хрватската историја

Утре (23.08) истекува ултиматумот на Унијата до Хрватска да го промени спорниот закон со кој Загреб од испорака го заштити Јосип Перковиќ од некогашната злогласна тајна служба Удба, но и други „удбаши“ и криминалци.

Најмладата членка на ЕУ рано го налути Брисел. Само два дена пред влезот на Хрватска во ЕУ парламентарното мнозинство во Хрватска со законски измени оневозможи примена на европските потерници за случаите на злосторства сторени пред 7 август 2002. година. Со тоа е оневозможена и екстрадација на Јосип Перковиќ (насловна фотографија), поранешен високо позициониран претставник на југословенската Служба на државна безбедност, позната како Удба, комунистичка тајна полиција која беше страв и трепет за хрватската емиграција и т.н. внатрешни непријатели на Југославија. Оваа злогласна организација организирала низа убиства на хрватски емигранти ширум светот па така и тоа во Горна Баварија во јули 1983. година, кога е убиен претприемачот Стјепан Џурековиќ . Јосип Перковиќ е обвинет дека дал наредба за тоа убиство. По Перковиќ германското правосудство распиша меѓународна потерница уште во 2009. година, но тој и натаму слободно живее во Загреб.

На острото неодобрување на опозицијата, но и на хрватската јавност, владејачката Социјалдемократска партија (СДП) овој потег го оправда со заштита на учесниците во Татковинската војна кои, наводно, би биле прогонувани „врз основа на универзална јурисдикција“. Премиерот Зоран Милановиќ во острата пресметка со опозицијата понуди излез во форма на уставни промени со кои би се укинало застарувањето за политички мотивирани убиства, но и всушност би се осигурало тајните кои ги знаат поранешните „удбаши“ никогаш да не ги напуштат хрватските судници и територија.

Kroatien wird EU-Mitglied

Најмладата членка на ЕУ рано го налути Брисел

Жртвата ја загрози кариерата на претседателот на Југославија

Но кој бил Џурековиќ и поради што бил опасен? Истражувачкиот новинар Жељко Ператовиќ во разговорот за ДВ вели дека тој пред се' бил опасност за кариерата на политичарот Мика Шпиљак, тогашен кандидат за претседател на Југославија. Тоа било во времето на ротирачкото претседателство, кога секоја република давала претседател на мандат. На крајот на 1983. година редот бил на Шпиљак. Истовремено се истражувала корупциска афера во Индустријата за нафта (ИНА) во која во мал дел, раскажува нашиот соговорник, бил вклучен и Џурековиќ, но во поголем дел синот на Мика Шпиљак- Вања. „Џурековиќ требало да сведочи за тој случај. Мика Шпиљак се уплашил дека кариерата на тој начин, поради вмешаноста на синот во најголемиот југословенски корупциски скандал, ќе му биде завршена. Надвор од протоколот е издадена наредба за убиство на Џурековиќ“, раскажува Ператовиќ и додава дека според сите досегашни сведочења на поранешните членови на Удба, меѓу кои и на Иван Ласиќ, кого исто така го бара Германија, Џурековиќ во досиејата на Удба не се водел како терорист. „Тој не бил класичен политички дисидент или емигрант. По неговото убиство Шпиљак стана претседател на Југославија, а Здравко Мустаќ, кој беше шеф на хрватската Удба стана шеф на сојузната, додека Јосип Перковиќ стана шеф на републичката Удба.“

Историчарот д-р Иво Банац, некогашен емигрант во САД, за ДВ тврди дека нема хрватски граѓанин кој е постар од 30 години, а да не знае што била Удба, како функционирала и која била целта на таа политичка полиција. „Просечно информираната публика не може да ги знае сите детали. Удба беше клучна установа во комунистичкиот тоталитарен состав. Тоа беше партија која ја надгледуваше партијата“, објаснува Банац, додавајќи дека таа го контролирала општеството преку медиумите, сите јавни канали и широка мрежа на информатори.“

Перковиќ, чувар на тајните на Туѓман?

Случајот Перковиќ, навидум, е многу едноставен, па поради тоа е уште почудно тоа што хрватските власти прават се' за да спречат екстрадиција на известувачот за кого е издадена европска потерница. Но спорниот закон, покрај Перковиќ, заштити и неколку силувачи и педофили, чија што екстрадација ја бара Словенија. Потерници издадоа и Австрија и Италија.

Filmstill Josip Perkovic

Архивска фотографија од Јосип Перковиќ

Се‘ погласни се и шпекулациите дека Перковиќ би можел да издаде тајни кои го поврзуваат и со првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман и со министерот за одбрана за време на војната, Гојко Шушак, на кои им бил помошник. Тоа било во времето кога Перковиќ ја организирал и водел тајната служба на новата хрватска држава.

И нашиот соговорник Ператовиќ потсетува дека Перковиќ преку еден дневен весник навести колку знае за многу важни луѓе во Хрватска. „За оние кои учествуваа во увозот на оружје и брзо се збогатија, а сега се магнати или имаат важно политичко влијание.“ Покај тоа, овој истражувачки новинар предупредува дека некои луѓе од врвот на владејачката СДП биле соработници на Шпиљак во тоа време или биле поврзани на некој начин со него. „Постои и влијание од претседателот Иво Јосиповиќ и од министерката за надворешни работи Весна Пусиќ кои јавно не го заштитија Перковиќ, но се знае дека му се наклонети. Всушност, претседателот го вработи синот на Перковиќ на местото советник за национална безбедност“, тврди Ператовиќ. Вели, тие влијаеле на премиерот Милановиќ кој се впуштил во авантура на промена на законот. Во тоа, смета, го охрабриле и некои меѓународни кругови кои не се наклонети на Лисабонскиот договор. Притоа ја наведува Велика Британија, додека за Милановиќ вели дека сака „да докажува дека во Европа се сите еднакви и ја тестира Европската комисија.“

Историчарот Банац, пак, критикува дека во Хрватска сѐ уште постои активна мрежа која ги заштитува интересите на клановите од минатото . Тој се надева дека притисокот од Западот би можел да биде „еден вид катализатор во соочувањето со скелетите во орманот на хрватската историја“