1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Случај Асанж: Поддршка за Еквадор од Латинска Америка

Во спорот околу давањето азил на основачот на интернет порталот Викиликс, Џулијан Асанж, Еквадор доби поддршка од латиноамериканските сојузници. Викиликс јавува дека и Асанж наскоро ќе се огласи за случајот.

Сојузот на лево ориентирани држави во Латинска Америка АЛБА и’ се закани на Велика Британија со сериозни последици доколку биде повреден имунитетот на амбасадата на Еквадор во Лондон, каде пред повеќе недели прибежоште најде основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Еквадорските власти му доделија и политички азил на Асанж, кому од Велика Британија му се заканува екстрадиција во Шведска, каде е обвинет за сексуално злоставување.

„Доколку британската полиција влезе во амбасадата на Еквадор во Лондон за да го уапси Џулијан Асанж, тоа ќе има сериозни последици во целиот свет“, предупредија министрите за надворешни работи на земјите од групата Боливарска Алијанса за луѓето на Америка, во која членуваат Еквадор, Куба, Венецуела, Никарагва, Доминиканска Република, Антигва и Барбуда, Боливија и други помали остравски латиноамерикански држави.

Асанж ќе се огласи за случајот

На покана на Еквадор, министрите се собраа на итна средба, на која дискутираа за случајот со Џулијан Асанж, на кого претходно оваа недела Кито му обезбеди азил.

„Упатуваме предупредување до британската влада дека ќе има сериозни последици во целиот свет во случај на директна агресија против територијалниот интегритет на Еквадор“, се вели во декларацијата на министрите прочитана од Николас Мадуро, венецуелскиот министер за надворешни работи.

Großbritannien WikiLeaks Julian Assange wird nach Schweden ausgeliefert

Џулијан Асанж

Официјален Лондон, пак, најави дека 41-годишниот Асанж ќе биде уапсен веднаш штом ќе ја напушти еквадорската амбасада, но негира постоење на каква било закана за напад на амбасадата

Министерот за надворешни работи Вилијам Хејг појасни дека разрешувањето на аферата Асанж може да потрае подолго време.

Министрите за надворешни работи на Унијата на јужноамерикански држави - УНАСУР исто така денеска во Гуајакил ќе разговараат за прашањето за Џулијан Асанж. Организацијата на американските држави (ОАД), пак, за ова прашање ќе дискутира на 24 август во Вашингтон, и покрај противењето на САД, Канада и Тринидад и Тобаго.

Подоцна во текот на денешниот ден се очекува и самиот Асанж да даде изјава во врска со случајот во Лондон, јави интернет порталот Викиликс.