1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Случајот „ЕВН“ ќе влијае негативно врз странските инвестиции?

Странските амбасадори во Македонија на премиерот Никола Груевски му изразиле загриженост од третманот на австриската компанија „ЕВН“ во Македонија.

default

Облаци во односите со „ЕВН“

Официјално тема на средбата во владата биле повеќе прашања врзани за македонските евроинтеграции. Неофицијално, во фокусот на амбасадорската посета на владата, била новата битка во старата војна меѓу државата и еден од најголемите странски инвеститори во Македонија, австриски „ЕВН“. Компанијата најави дека ќе ја тужи Македонија на меѓународна арбитража во Вашингтон.

Директен повод за оваа закана е пресудата на скопскиот суд со која на компанијата и‘ се наложува да плати 92 милиона евра, ненаплатени долгови од потрошувачите во периодот од 1995 до 2004, кога фирмата беше во државна сопственост.

Негодувањето од третманот на „ЕВН“ во Македонија го искажа австрискиот амбасадор во Скопје, Алoјз Краут. Тој за телевизија „Канал 5“ изјави: „Го следиме процесот и загрижени сме бидејќи сметаме дека судењето беше некоректно и тенденциозно. Наше мислење е дека ова негативно ќе влијае врз странските инвеститори. Сите го

Deutschland Energie Strom Preis Zähler

„ЕВН“ треба да плати 92 милиони евра кои се ненаплатени долгови од потрошувачите во време кога фирмата беше во државна сопственост

набљудуваме овој случај и тој кажува многу за бизнис климата во Македонија.“

Македонската влада не знае за најавата за тужба

Пораките што ги испратиле странските дипломати во владата, а кои можат да се претпостават, ги потврдуваат извори на Дојче веле. Македонија треба да создава нови сојузништва, а не да ги растура старите. Третманот на постоечките странски инвеститори во голема мера влијае врз одлуките на потенцијалните нови вложувачи.

Во владата велат дека не се запознати со судската одлука против ЕВН и најавите на австриските инвеститори за меѓународна тужба против Македонија. Во одбрана на судската одлука се огласија државните електрани кои треба да ги наплатат парите од „ЕВН“. „Обидите да се дефокусира процесот и чисто трговските односи да се прикажат како политички мотивирани целосно ги отфрламе и ги оценуваме како своевиден притисок врз владата и врз работата на независните судски органи“, се вели во писмената реакција на државните електрани.


Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска