1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Случајот „Гардијан“ го разбранува светот

Постапките на британската тајна служба кон „Гардијан“ предизвика голема дебата за односот кон слободата на печатот. Германската влада смета дека црвената линија е пречекорена.

Ополномоштеникот на германската влада за човекови права Маркус Ленинг остро ја критикува акцијата на британските власти против весникот „Гардијан“. Ленинг изјави дека она што го раскажа главниот уредник на „Гардијан“ Алан Расбриџер, го „потресло“. Тој во изјава за „Берлинер цајтунг“ изрази загриженост за состојбата на печатот и слободата на медиумите во Велика Британија.

Британската тајна служба GCQH, според наводи на „Гардијан“, го принудила весникот да ги уништи тајните документи доставени од Едвард Сноуден. Двајца агенти на GCQH го надгледувале уништувањето на хард дисковите со документите, напиша главниот уредник Алан Расбриџер во еден вчерашен (20.08) коментар. Според Расбриџер, тоа бил еден од „најбизарните моменти“ во долгата историја на весникот.

Миранда против Велика Британија

Германското здружение на новинари (ДЈВ) ја критикуваше постапката кон „Гардијан“ како напад врз слободата на печатот, а критики упати и меѓународната организација „Репортери без граници“.

Der Herausgeber des Guardian Alan Rusbridger

Алан Расбриџер

Според членот на претседателството на „Репортери без граници“ Михаел Редиске, постапката на тајната служба, која го натерала еден од најреномираните весници во Велика Британија да уништи материјал, е потресна, но тој не разбира зошто главниот уредник попуштил пред уцените, без притоа да ги вклучи судовите и веднаш да ѝ се обрати на јавноста.

Во меѓувреме, Дејвид Миранда, животниот сопатник на новинарот на „Гардијан“, Глен Гринвалд, поднесол цивилна тужба поради сослушувањето од страна на британските власти, соопшти Расбриџер. Бразилецот беше притворен во неделата (18.08) на лондонскиот аеродром и беше сослушуван девет часа. Гринвалд тврди дека Миранда бил испрашуван исклучиво во врска со известувањето на „Гардијан“ за активностите на американската тајна служба НСА. На Миранда, како што напиша весникот, му биле конфискувани лаптопот, мобилниот телефон и мемориски картички и ДВД-а.

Британското министерство за внатрешни работи ја брани постапката. Министерката Тереза Меј за Би-Би-Си изјави дека „кога постои сомневање оти некој поседува чувствителни информации кои се украдени, а кои можат да им бидат од полза на терористи и да доведат до загуба на човечки животи, тогаш е исправно да се вклучи полицијата и за тоа има законска основа“.