1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Службеничката во Управата за јавни приходи Биргит Винтершајт од Милхајм на Рур

Кој оди радо во Управата за јавни приходи? Кој сака да мисли на даноците? Биргит Винтершајт го прави тоа секој ден, повеќе од три децении. Таа е службеничка во даночното одделение во Милхајм на Рур.

default

Пријатен ноемвриски ден. Биргит Винтершајт седи на клупата во нејзината симпатична градина со мало езерце. Пoкрај неa седи нејзиниот животен сопатник Валтер Пуш. Лицата им блескаат на сончевите зраци. Таа е среќна и го бакнува. Биргит Винтершајт има 51, а Валтер Пуш 58 години. Се познавале 32 години, се‘ додека најпосле не се вљубиле пред две години. Зошто било потребно толку долго време за најпосле да се родат емоции? „Порано

GD BiWi P2

Место на сонце за семејството

бевме пријатели, но и двајцата бевме во брак. Неговата сопруга почина пред две години, а јас тогаш веќе одамна бев разведена“, објаснува Биргит Винтершајт.

Прво колега, потоа пријател, најпосле животен сопатник

Биргит Винтершајт и Валтер Пуш се запознале на работа. Тие се колеги повеќе од три децении, работат во истата Управа за јавни приходи во градот Милхајм, на реката Рур, кој има 160.000 жители. Нивните канцеларии се речиси директно една наспроти друга, и тие речиси се‘ прават заедно: претпладне одат заедно на појадок во кантината, во текот на денот три до четири пати пушат цигара на местото за пушачи, надвор од зградата. Напладне шетаат покрај реката Рур која тече веднаш покрај Управата за јавни приходи. „Исто така заедно возиме велосипед или одиме во прошетки“, се смешка Биргит Винтершајт.

Службеничката во даночното одделение е на одговорна

GD BiWi P3

Задолжена за оние што имаат големи примања и за банкротираните

функција и ги контролира поднесените даночни пријави на лица со високи примања. Покрај тоа, во нејзина надлежност се и случаите на банкрот. „Тоа значи дека сега веќе не сум конфронтирана со публиката, туку само со документите.“

Животот во Управата за јавни приходи

Биргит Винтершајт го поминала целиот свој работен век во Управата за јавни приходи, откако на 15-годишна возраст таму ја започнала својата обука. Напредувала во работата и сега е квалификувана за високи функции. Задоволна е со својата работа, но нејзиниот сон од детството не бил еден ден да стане службеничка во даночното одделение.

Биргит Винтершајт има префинето чувство за уметност. Таа црта, везе и го сака внатрешното уредување. Нејзината куќа во Оберхаузен ја претворила во мала идила. Естетиката и‘ е многу важна, на пример кога купува автомобил: „Не се разбирам во техниката, па затоа едноставно се одлучив за убав автомобил“, вели Биргит Винтершајт.

На Биргит не и‘ се случувале само убави нешта. Периодот пред 16 години, кога ја напуштил тогашниот сопруг, го опишува како најтежок во нејзиниот живот. Сама морала

Gesichter Deutschlands BiWiP

Партнер во буквална смисла на зборот - секаде и секогаш заедно!

да се грижи за двата сина кои тогаш имале три и пет години. Работела половина работно време, а децата оделе во градинка. Во никој случај не сaкала да побара помош од социјалната служба, да седи дома и да се откаже од професијата.

„Никогаш досега не сум била толку разгалена“

Во меѓувреме, нејзините два сина пораснале. 21-годишниот Николас студира економија. Честопати чита на каучот, покриен со куп весници. 19-годишниот Кристоф е покомуникативен. Тој сака да разговара со мајка му и нејзиниот партнер, најчесто за трките на Формула 1. Тоа најмногу го интересира. Биргит Винтершајт сака нејзините синови да имаат пред се‘ пристојна професија. Под зраците на ноемвриското сонце Биргит Винтершајт вљубено гледа во својот партнер. Таа блеска оти никогаш досега во животот не била толку разгалена - тие никогаш не се караат. Биргит вели дека кога се повозрасни, луѓето поинаку се однесуваат меѓу себе. Можеби како резултат на хармонијата, службеничката во даночното одделение се здабелила осум килограми откако живее заедно со нејзиниот колега.

Автор: Тиан Миао / Јасна Мушуќ – Јанчулева

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

WWW-линкови