1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Словенците го отворија патот за Хрватска

Словенците се изјаснија за Арбитражниот договор за решавање на граничниот спор со Хрватска. Политичарите оценуваат дека тој носи позитивна порака за регионот.

default

Премиерот Борут Пахор на референдумот во Словенија

На референдумот што се одржа вчера, според конечните неофицијални резултати, 51,4% од Словенците се изјасниле позитивно, додека против биле 48,5%. Излезноста на референдумот изнесува 42,2 проценти.

Тесниот исход од референдумот прв го поздрави претседателот на Словенија Данило Тирк, кој нагласи дека со усвојувањето на Арбитражниот договор Словенија ја потврдила својата приврзаност кон арбитражата како начин за мирно решавање на споровите со соседите. „Од арбитражата очекуваме праведно решение, очекуваме победа на аргументите на правото и праведно решение без уцени“, изјави Тирк.

Според словенечкиот министер за надворешни работи Самуел Жбогар, референдумот носи позитивна порака за регионот. Жбогар додаде дека очекува поддршка и од опозиционите партии во земјата кои се противеа на арбитражата во подготовките на неговото министерство на изработката на меморандумот, во кој словенечката страна ќе ги изнесе своите аргументи во граничниот спор со Хрватска пред арбитражниот суд. Судот ќе се формира врз основа на Арбитражниот договор и ќе почне да го решава спорот откако Хрватска ќе го потпише договорот со ЕУ за приклучување.

Karte Bucht von Piran Grenzstreit Slowenien Kroatien Flash-Galerie

Граничниот спор

Опопзицијата не гледа на референдумот како на победа

Според лидерот на словенечката опозиција и поранешен премиер, Јанез Јанша, кој се противеше на Договорот, референдумот не претставува победа, туку е пораз на Словенија, со оглед на тоа што избирачите биле многу поделени во однос на прашање што е толку важно. Јанша го повтори своето уверување дека арбитражното решавање на спорот не одговара на словенечките интереси, особено во поглед на границата на море. Резултатот од овој рефрендум ќе го платиме сите, рече лидерот на опозицијата, кој додаде дека опозицијата нема да допушти хрватскиот договор за приклучување кон ЕУ да биде ратификуван во словенечкиот парламент пред да биде познато решението на граничниот спор.

Брисел го поздрави исходот од референдумот

Во Брисел, пак, исходот од референдумот е експресно поздравен. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо изјави дека тој претставува „важен сигнал за регионот и за односите меѓу Хрватска и Словенија“.

Во Хрватска, резултатот од референдумот е оценет како победа на Словенија, Хрватска и Европа. Во соопштението од кабинетот на хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, меѓу другото, се вели дека словенечката поддршка и‘ овозможува на Хрватска да ги заврши пристапните преговори без оптоварување со проблемот околу границата, кој своето решение ќе го најде во арбитражата. „Ова е придонес кон концептот за проширување на ЕУ кој ја опфаќа Хрватска, а во иднина и сите земји од ЈИЕ“, се наведува во соопштението.

Автор: ЕМФ/ ГЧ/ хина/ бета/

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM