1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Словенија ја охрабрува Македонија да го реши спорот за името

Словенечкиот амбасадор во Македонија Бранко Раковец порачал дека Словенија сака Македонија и Грција да го решат спорот за името што поскоро, со што земјата би го зазела своето место во НАТО и Европската унија (ЕУ).

Во интервју за Радио Слободна Евра, Раковец се осврнува и на текот на македонските интеграции и на поддршката од Словенија за европскиот пат на Македонија.

„Генерално можеме да кажеме дека последниот извештај на ЕУ за Македонија беше позитивен. Зошто? Затоа што Европската комисија даде препорака на Европскиот совет Македонија да почне со преговорите, но немаше согласност меѓу државите членки. Морам да кажам дека сепак Македонија меѓу државите-членки има голема поддршка и се надевам дека во иднина и тоа ќе се случи - Македонија ќе започне преговори. Словенија секогаш беше адвокат на Македонија во врска со нејзините евро-атлански интеграции, ние поддржуваме Македонија да стане членка и на ЕУ и на НАТО. Тоа го посакуваме и за сите држави од Западен Балкан“, изјавил словенечкиот амбасадор.

Во однос на билатералниот спор со Грција, Раковец смета дека двете страни мора да постигнат напредок во разговорите околу неговото решавање, а Словенија ќе го поддржи секое решение коешто ќе им одговара и на Скопје и на Атина.

„Ние сите странски дипломати во Скопје внимателно ги следиме преговорите, но за жал тука можеме да констатираме дека нема некој забележителен напредок. Уште еднаш сакам да истакнам дека ги охрабруваме нашите македонски пријатели да направат чекор во правец да се најде едно решение со јужниот сосед, кое ќе биде добро и за Грција и за Македонија“, порачал Раковец.

Поврзана содржина