1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Словенија: Четворица загинати во уривање на балон со топол воздух

Во несреќата што се случила јужно од главниот град на Словенија , Љубљана загинале најмалку четири лица а 28 се повредени. Балонот придвижуван со топол воздух најнапред се запалил и потоа се урнал.

pushpin stuck on a map ljubljana, slovenia, aim, attach, auto, destination, direction, drive, find, flag, gps, grid, holiday, location, map, marker, marketing, zagreb, croatia, office, organize, paper, pin, plastic, push, pushpin, road, road-trip, roadmap, roadtrip, sharp, show, street, streetmap, tack, thumb, thumbtack, tour, tourism, tourist, transportation, trip, vacation, winnipeg

Словенечката полиција соопшти дека во балонот се наоѓале вкупно 32 лица , од кои двајца членови на екипажот. Меѓу загинатите има и деца.
Осум луѓе се наоѓаат во критична состојба, меѓу кои и едно дете. Повредените патници се пренесени во неколку болници со здобиени изгореници и искршеници по телата.
Меѓу патниците во балонот имало и неколку странски државјани, вклучувајќи две Британки и тројца Италијанци.
Инцидентот се случил утрово на 12 километри јужно од Љубљана.
Словенечки медиуми наведуваат дека најверојатно инцидентот е предизвикан од бура. Балонот направил обид да се приземји, но удрил во едно дрво и се запалил. Некои од патниците скокнале од балонот со цел да се спасат од огнот.
Реонот на инцидентот е блокиран и моментално се врши истрага.