1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Словенија кандидат за европскиот фонд

Словенија е единствената земја од поранешна Југославија која е членка на ЕУ и го воведе еврото. Долго важеше како земја за пример. Сега аналитичарите тврдат дека Словенија наскоро ќе мора под спасувачкиот чадор на ЕУ.

За музичарите во центарот на главниот град на Словенија, Љубљана во моментов повеќе не останува многу. Од некогашен ученик за пример на ЕУ, малата земја во југоисточна Европа сега е кризен случај.

Многу е изградено на кредит. Како на пример еден станбен проект во предградието. Квадратен метар требаше да се продава за 4.500 евра. Сега становите и продавниците се речиси празни. Градот од немај-каде всели таму социјално загрозени граѓани. Многу претпријатија се презадолжени. Владата го ублажува тоа.

„Ситуацијата со нашите банки ја држиме под контрола. Само што ја рекапитализиравме нашата најголема банка НЛБ. Има уште неколку други банки на кои им треба рекапитализација, но тоа ќе го сториме во текот на годинава. Неопходниот капитал ако е потребно може да биде обезбеден од владата, иако ние пред се' бараме приватни инвеститори", вели Јанез Шуштершиќ, министер за финансии на Словенија.

Меѓутоа 18 проценти од банкарските кредити се гнили - вели централната банка.

Граѓаните пак сметаат:

„Словенија е мешавина од граѓани Европејци, кои меѓутоа во душата се се' уште Балканци“.

„Ние не сторивме доволно за нови работни места, за инвестиции од други земји, па сега како да мораме да ја плаќаме цената за тоа“.

Словенија се тетерави. За некои е само прашање на време кога земјата навистина ќе побара помош од Европскиот фонд за спасување на еврото.