1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Словенија и Кипар и натаму во „минус“

Откако од средината на минатата година и официјално излезе од рецесија, стопанството на ЕУ постепено се опоравува. За сега предводат Велика Британија и Германија, додека во минус единствено се уште Словенија и Кипар.

Економијата на ЕУ продолжува со своето постепено опоравување. Добра вест е што стопанските активности сѐ повеќе се шират и јакнат и во ранливите земји членки, како позитивна последица од преземените реформи. Лоша вест е што невработеноста во ЕУ и натаму останува на високо ниво.

„Се очекува дека економското опоравување кое во Европа започна на средината на минатата година сѐ повеќе се шири во земјите членки и станува поурамнотежено. Како што е и типично по така длабока економска криза, низ која минавме во изминатите години, стопанското опоравување е и натаму скромно и нестабилно“, рече комесарот за економска и и монетарна политика на ЕУ Оли Рен.

Благодарејќи на сѐ попозитивите економски параметри ЕУ очекува во оваа година да го зголеми Брутодомашниот производ за 1,5 проценти, а во 2015 година за два отсто, На ниво на еврозоната тој пораст би требало да изнесува 1,2 отсто во оваа и 1,8 проценти во наредната година.

Освен во Грција, затегнато и во Словенија и во Кипар

Во Европската комисија нагласуваат дека стопанскиот пораст ширум ЕУ сѐ повеќе се заснова на јакнење на домашната побарувачка, дека преоптовареноста со долгови полека попуштаа довербата на пазарите и инвестициите растат.

„Следејќи ја стабилизацијата на стопанството и подобрувањето во областа на вработувањето, се очекува потрошувачката во европските домаќинства да фати замаф во текот на оваа и во наредната година. Приходите би требало да имаат корист и од ниската стапка на инфлација, а благодарејќи на помалата потреба за 'штедење поради внимателност' домаќинствата ќе можат да издвојуваат повеќе за потрошувачка“, објаснува Рен.

Токму со силна домашна потрошувачка за 2014 година се очекува стабилна експанзија на стопанството во Германија (1,8 проценти), Велика Британија (2,5 проценти) и Полска. Во Франција, поради скромната внатрешна потрошувачка, националната економија поспоро се опоравува (1 процент). Во Италија и во Холандија се очекува благо опоравување кое ќе се основа на извоз и инвестиции, додека само Кипар и Слованија се очекува да останат со негативна стапка на стопански пораст во оваа година.

Грците по првпат по 1948 година „во плус“

„Најлошото мина, но ова не е момент да бидеме задоволни со постигнатото до сега“, предупредува европскиот комесар за економија и дополнува: „Нашите позитивни прогнози за наредниот период подразбираат продолжување на примената на договорените мерки за неопходните економски прилагодувања се спроведат и на ниво на ЕУ и во земјите членки“.

Благодарејќи на значајните структурни реформи за економско опоравување јакнат и Шпанија и Португалија, кои очекуваат да излезат од европската програма за економска помош во мај годинава. Ирска бележи значаен пораст на вработувањата, додека Грција првпат по 1948 година оствари позитивна состојба на државната тековна сметка.

Што се однесува до инфлацијата, таа во текот на мината година е намалена, пред сѐ благодарејќи на пониските цени на енергенсите и трошоците за домување. Се очекува оваа година инфлацијата на територијата на цела ЕУ да изнесува 1,2 отсто, а еден отсто во земјите на еврозоната.