1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Словенија доби нова влада на чело со Јанша

Парламентот на Словенија гласаше за изборот на 12-члениот владин кабинет на новиот премиер Јанез Јанша. Оваа влада се соочува голем и тежок предизвик за штедење, порача Јанша.

default

Новиот словенечки премиер Јанез Јанша

Словенечкиот парламент денеска (10.02.2012) на вонредна седница гласаше за потврдување на новата коалициска влада од пет партии, на чело со Јанез Јанша.

„За“ назначувње на 12-члениот владин кабинет гласаа 50 пратеници во 90-члениот парламент. Десетмина беа против. 53-годишниот Јанша за мандатар на владата беше избран минатиот петок со гласовите на 51 пратеник .

Тој денеска, пред гласањето, ја претстави програмата за работа на идната Влада и најави сериозни буџетски скратувања и намалување на јавната потрошувачка. „Намалувањата оваа и следната година ќе изнесуваат околу десет отсто, бидејќи буџетскиот дефицит веќе нема да може да се финансира со задолжување“, рече Јанша.

Сериозни предизвици

Slowenien Parlamentswahl

Парламентарните избори во Словенија се одржаа на 4 декември

Тој најави дека Владата со намалување на државниот апарат и буџетските сктарувања ќе спроведе економска политика заснована на стимулирање на инвестициите и претприемништвото, со цел отворање нови работни места и намалување на високата невработеност. Приоритет ќе биде и „санација на банкарскиот систем“, за тој повторно да може да ја сервисира економијата.
Претходно, парламентарно мнозинство за состав на влада не успеа да
обезбеди поранешниот градоначалник на Љубљана Зоран Јанковиќ, чија партија Позитивна Словенија на изборите на 4 декември минатата година освои најмногу гласови. Оваа партија денеска се воздржа од гласање.

Автор:СН/ЕМФ/ртр/афп/миа/мф

Редактор: Е.М. Фиданоска