1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Словенија би можела да го одложи пристапот на Хрватска во ЕУ

Владата во Загреб стравува дека Словенија би можела да го одложи приемот на Хрватска во ЕУ планиран за 1. јули годинава. Зад ова се кријат билатералните спорови, како на пример долгогодишниот спор околу Љубљанска банка.

Откако Хрватска пред речиси десет години официјално поднесе барање за полноправно членство во Европската унија, постојано се појавуваат нови пречки на патот. Некои од проблемите беа домашни - на пример недоволната соработка на Хрватска со Трибуналот за воени злосторства во Хаг. Но, некои од условите ги постави соседот Словенија: решавањето на долгогодишниот спор околу Љубљанска банка и нејзините долгови кон хрватските штедачи.

Љубљанска банка и долговите

По распадот на Југославија во 1990 се распадна и заедничкиот банкарски систем. Љубљанска банка со седиште во Словенија беше прогласена за платежно неспособна од страна на словенечката влада. Многу приванти клиенти ги загубија своите заштеди. Еден дел од долговите на Љубљанска банка кај хрватските доверители - вкупно 278 милиони евра  - тогаш ги презема хрватската влада. Преку две хрватски банки во 1993 година таа им ги исплати парите на поранешните клиенти на Љубљанска банка.

Хрватската влада ги овласти двете банки, овие пари да ги требуваат од словенечката држава по судски пат. Словенија меѓутоа бара од Хрватска, владата да им го одземе полномошното на двете банки. Со тоа овие 278 милиони евра ви станале дел од се’ уште незавршениот процес на сукцесија и со него поврзаните материјални оставини на поранешна Југославија - а не непосредно оптоварување на словенечкиот државен буџет.

Како ќе изгледа компромисот на крај, никој не се осмелува да прогнозира. Двете страни навестија, дека би можело да се најде решение. Времето притиска. Имено без спогодба околу Љубљанска банка словенечкиот парламент нема да биде согласен да го ратификува договорот за пристап на Хрватска. Со ова би се ставил под знак прашање пристапот на Хрватска во ЕУ на 1 јули 2013.

Внатрешно-политичко прашање на Словенија

Пристапот кон ЕУ на Хрватска во минатото беше веќе одлаган пради конфликти со Словенија. Во 2010 година Словенија ги блокираше преговорите меѓу Загреб и Брисел, бидејќи границата меѓу двете земји кај Пиранскиот залив не беше правно утврдена. Пред овој конфликт околу текот на границата изби словенечко-хрватскиот конфликт за воспоставување на економска зона во Пиранскиот залив. Едностраната одлука на Хрвстака потоа беше повлечена од хрватскиот парламент.

Elmar Brok / EU-Parlament / CDU / EVP

Елмар Брок го критикува ставот на Словенија

Однесувањето на Словенија во последните години, негативнио го доживеаа и европските политичари. „Целосно е неприфатливо со вакви билатерлани проблеми да се попречува процесот на пристапување“, рече Елмар Брок, претседател на одборот за надворешни работи во Европскиот парламент во разговор за ДВ. Според него новите внатре-политички односи во Словенија се одговорни за заострување на конфликтот околу банката. По еден критички извештај на словенечката Комисија за антикорупција владата на премиерот Јанез Јанша го загуби мнозинството во парламентот, така што најверојатно ќе се одржат предвремение избори. „Секогаш е многу примамливо, за време на предизборниот период да се отворат прашања, кои инаку сосема нормално би можело да се решат“, вели политичарот од ЦДУ Брок за ситуацијата во Словенија и заострувањето на спроот со Хрватска.

Борба да се биде „Мост меѓу ЕУ и Западен Балкан“

Denis Romac

Ромас: „Словенија профитираше од тоа да биде порта кон Западниот Балкан“

Освен ова Словенија има интерес, да биде единствената држава од поранешна Југославија , која е членка на ЕУ, смета политичкиот експерт Денис Ромац од хрватскиот дневен весник „Нови лист“. „Не станува збор само за симболика, туку за конкретни економски предности. Словенија беше така да се каже портата на ЕУ кон Западен Балкан и од тоа Љубљана профитираше многу. Сега оваа лукративна улога ја презема Хрватсла и тоа за Љубљана е загуба“.

Хрватските политчари уште од почетокот на преговорите со ЕУ нависитна ја истакнуваа улогата на нивината земја како „Мост меѓу ЕУ и Западен Балкан“. Можеби тоа беше пречесто и прегласно, отколку што им е по мерка на полтичарите во Љубљана, смета полтичкиот експерт Ромац. Меѓута Словенија од гледиште на ЕУ со својата ирационална политика кон Хрвстака ја изигра оваа улога.

Во Хрватска се направи обид да се избегне отворен конфликт со Словенија - поради страв да не се загрози и онака тешкиот пат кон Европа. Гласни беа само евро-скептичните сили, кои го користеа конфликтот со Словенија, за да ја потковаат својата теза за наводно „омаловажување од Брисел“. Водечки хрватски политичари за време на преговорите дури впечатливо често повторуваа дека Хрватска ќе им помогне на своите соседи на патот кон ЕУ.