1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Словачка ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

Македонија нема ниту евро словачки инвестиции, а речиси и да не постои ни трговска размена со оваа средно европска земја. Но Македонија има поддршка од Словачка во евро – интегративните процеси.

default

Министрите Јан Кубиш и Антонио Милошоски

Братислава и Скопје во наредниот период ќе се фокусираат на развојот на економските односи, бидејќи според оценката на министрите за надворешни работи на двете земји, Јан Кубиш и Антонио Милошоски политичките се безпрекорни

„Нашите разговори се фокусираа на билатерални прашања особено од економската област, бидејќи нашите трговски односи досега не беа добри, бараме начини како да ги зајакнеме. Во таа смисла добра е идејата да организираме посета на словачки новинари и бизнисмени на Македонија за лично да се запознаат со можностите за инвестирање“ изјави шефот на словачката диполматија Кубиш.

Словачката економија бележи брз пораст

Словачка е довојно поголема по територија и по број на население од Македонија, но е неколку кратно побогата. Држава без излез на море, која брзо се трансформираше и денес е една од најбрзо растечките економии во Европа. Главен бизнис е авто индустријата. Ги привлече кај себе најпознатите автомобилски марки и годишно произведува по 250 илјади автомобили. Тука Македонија ја гледа својата шанса, да се обиде да се наметне како логистика за големите словачки автомобилски фабрики со производство на резервни делови и опрема.

Словачка е пример што треба да се следи

Македонскиот министер за надворешни работи Милошоски оцени „Словачка беше примерот што ние го потенциравме за да го увериме Парламентот да се воведе рамниот данок, кој дава резултати. Остваривме раст од 7 проценти и ако продолжи позитивниот тренд до крајот на годината, Македонија ќе има шест проценти раст на бруто домашниот производ.“

Словачка во билатерлната комуникација ја ословува Македонија под уставното име. Двете земји заеднички учествуваат во мировните мисии во Авганистан, Ирак и Босна и Херцеговина и имаат слични позиции во врска со косовското прашање – што поскоро решение поголема стабилност на регионот. Во Братислава завршува средно – европската мисија на Милошоски. Оценката е дека е успешна затоа што денеска во Словачка и вчера во Унгарија е обезбедна поддршка за македонските напори за членство во НАТО и ЕУ.