1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Слободен проток на македонско-косовската граница

Границата на Македонија со Косово од ноќеска на полноќ е повторно отворена. Македонскиот вицепремиер Пешевски и министерот за економија Сарачини беа лично на преминот Блаце за да се уверат дека ембаргото е прекинато.

Косово ја крена рампата за македонските производи, со што прекина и блокадата на косовската граница од македонска страна и наплатата на влезна такса за косовските државјани и возила во Македонија. Македонскиот вицепремиер Владимир Прешевски изјави: „Со ова завршуваат немилите процеси кои што беа во изминатите неколку дена помеѓу овие две држави, кои што настанаа како резултат на ембаргото на увоз прво на одредена група македонски производи, а потоа и целосна забрана за македонски производи од страна на Република Косово. Ние воведовме мерки кои што по автоматизам се укинуваат во оној момент кога и косовската Влада ќе ги укине.“

За нормализирањето на состојбата беа информирани и превозниците од „Макамтранс“, кои по косовското ембарго во понеделникот вечерта (09.09) ги блокираа премините Јажинце и Блаце. Со тоа стартуваше и влезот на камионите со производи од Македонија на Косово.