1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Слободен патот за нови избори

Коментар на Волтер фон Тизенхаузен

Германскиот сојузен претседател Хорст Келер реши, јасно и недвомислено тој се реши за распуштање на Бундесатгот. Патот за нови избори е слободен, скоро, зашто уставниот суд веројатно ќе мора да се занимава со тоа прашање.

Сојузниот претседател Хорст Келер го распушти германскиот парламент и го ослободи патот на предвремени избори. На тој начин и одговори на желбата на сите партии застапени во Бундестагот и на огромното мнозинство граѓани. Без оглед дали станува збор за сојузниот канцелар Герхард Шредер или неговата предизвикувачка од демохристијанската партија Ангела Меркел, сите во државата се единстевни дека онака како што се одвиваат работите сега веќе не може да продолжи. Канцеларот укажа на недостигот поддршка во сопствените редови, лидерката на опозицијата тврди дека неговиот севкупен политички концепт не успеа.

Сојузниот претседател без многу заобиколување јасно стави на знаење каде лежат проблемите: премногу долгови, премногу невработени, нерамнотежа во покраинскиот поредок, лошата состојба во социјалните системи, а сето тоа во една остра меѓународна конкуренција. Затоа државата има потреба од влада што ќе може во Бундестагот да се потрпе врз сигурно и ефикасно мнозинство. Со тоа ја почитуваше аргументацијата на канцеларот кому му недостигаше токму таквата постојана и сигурна поддршка во сопствената црвено-зелена коалиција и посебно во социјалдемократската фракција во Бундестагот.

Решението на претседателот Келер ја следи линијата што ја избраа неговите претходници Густав Хајнеман во 1972 и Карл Карстенс во 1983 година кога требаше да проценат за слични ситуации на вештачки изнудено гласање за доверба и со тоа поврзаната желба за нови избори. И во минатото беше подвлечено дека општата желба за нови избори не е доволна да се распушти парламентот. Многу повеќе мора да биде сигурно дека само со нови избори ќе се стабилизираат состојбите и дека само на тој начин може да се најде излез од актуелната криза на владата.

Последниот збор и овојпат ќе го има сојузниот уставен суд. Двајца пратеници од владиниот табор веќе најавија тужби против решението на претседателот. Притоа, највиоскиот суд во државата не само што треба да преиспита дали се повредени правата на овие пратеници, туку и да одговори на прашањето дали решението на сојузниот претседател е соодветно на словото и духот на уставот. Би била сензација ако уставниот суд при пресудата се оддалечи од она на што веќе во 1983 година во слична ситуација му даде право. Тогаш беше потврдено решението на сојзуниот претседател, а тужбите на критичарите одбиени.

Волтер фон Тизенхаузен