1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Слобода на печат: Македонија падна на 94 место

Македонија паѓа вртоглаво на листата на „Репортери без граници“ што се однесува на слободата на печатот во светот. Од 34-то место пред две години, преку 68-мо место лани, до 94-та позиција годинава.

default

Ако се направи споредба со земјите во регионот, Македонија е полошо рангирана од Босна и Херцеговина (58-мо место), Хрватска (68-мо место), Србија (80-то место) и Косово (86-то место), а е малку подобра од Албанија (96-то место) и Црна Гора (107-мо место). Членките на ЕУ, Бугарија и Грција, исто така не сјаат на ранг-листата за слободата на печатот во светот. Грција е 70-та, додека Бугарија е десет места подолу - на 80-то.

На листата за индексот на слобода на печатот која опфаќа 179 земји, Германија е на 16-та позиција, односно, во споредба со лани едно место подолу. Најлошо рангирани се Еритреја, Северна Кореја и Туркменистан. На дното на табелата на „Репортери без граници“ се и Сирија, Иран и Кина. Врвот на листата, пак, е резрвиран за Скандинавските земји - Финска и Норвешка на прво и второ место. Првпат во историјата, меѓу првите 20 земји според слободата на печатот има и две африкански - Република Зелен ’Рт на 9-то место и Намибија на 20-то.

„Репортери без граници“ направи споредба на ситуацијата со медиумите во временскиот период меѓу декември 2010-та и ноември 2011-та. Во многу земји, според наводи на организацијата, во 2011-та година биле уапсени значително повеќе новинари во споредба со претходните години, а тежиште на насилството беа уличните борби во арапските земји. Властите се‘ повеќе ги ставаат под лупа

Symbolbild Zeitungen in Ketten

Во изминатата година се влошиле условите за работа на новинарите во многу земји

и блогерите. САД на листата годинава забележаа пад од 27 места и се наоѓаат на 47-ма позиција. Организацијата како причина за ваквото рангирање го наведува спречувањето на известување за движењето „Окупирај“ од страна на полицијата.

„Репортери без граници“ е основана во 1985-та година и има 120 дописници ширум светот. Се залага за слобода на мислење и на печат, истражува и документира кршења на човековите права и им дава поддршка на прогонувани новинари и медиуми. Таа е меѓународно призната невладина организација и има статус на советник на Советот на Европа, Советот за човекови права на ОН и на УНЕСКО.

Автор: Елизабета Милошевска Фиданоска / www.rsf.org/ дпа/дапд

Редактор: Александра Трајковска