1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Слобода за една членка на Пуси Рајот

Апелацискиот суд во Москва ослободи една од трите членки на групата, откако утврди дека таа не земала учество во перформансот во црквата

Апелацискиот суд во Москва ослободи една од трите членки на панк-групата Пуси Рајот кои беа осудени на две годишни затворски казни поради хулиганство. Екатерина Самузевич е ослободена од издржување затворска казна и се очекува да биде пуштена на слобода. Останатите две припаднички на групата ќе мораат да ја издржат затворската казна која им беше изречена во август годинава, откако судот ги прогласи за виновни за хулиганство мотивирано од верска нетрпеливост.

Казната на Самузевич била ревидирана откако судот утврдил дека таа воопшто не земала учество во перформансот во катедралата во Москва, поради тоа што обезбедувањето ја отстранило од црквата пред да земе учество во настапот.

Трите членки на групата пред судот се бранеа дека нивниот настап не бил мотивиран од верска нетрпеливост, туку бил политички во својата природа и насочен против рускиот претседател Владимир Путин.