1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Слика за партија обединета зад својот претседателски кандидат

Имам решение за вашите проблеми - со таа порака на својот претседателски кандидат Барак Обама американските Демократи ја завршија партиската конвенција во Денвер. Кристина Бергман фрли коментаторски поглед врз собирот.

default

Барак Обама на конвенцијата во Денвер

Демократите чесно ја заслужија оваа фешта, оти им беа потребни осум месеци за да најдат претседателски кандидат и здружено да застанат зад него. Во борбата за номинација беа искажани многу лоши зборови за Барак Обама, пред се’ од страна на Клинтонови. Зборови кои, може да се претпостави, нему постојано ќе му приредуваат проблеми во трката за вселување во Белата куќа.

Официјално Демократите постојано оспоруваа дека предизборите предизвикаа поделба во партијата. Драматургијата во Денвер го потврдува спротивното, оти таму демонстрирањето единство стана врвна заповед. Доскорешната ривалка Хилари и нејзиниот сопруг, екс-претседателот Бил Клинтон беа примени од тимот на Обама со отворена прегратка - барем пред јавноста. И тие двајцата ја играа играта и со сиот свој политички авторитет се ставија на страната на претседателскиот кандидат.

Може да се претпостави дека тоа не е сосем без сопствен интерес, оти имиџот на Бил Клинтон е нарушен поради неговите напади против Барак Обама. Клинтонови не можат да си дозволат ни поради нивна тврдоглавост да биде ставена на коцка можната победа на Демократите на претседателските избори во ноември. Затоа, Хилари се погрижи Обама да биде прогласен за кандидат, а неговите приврзеници конечно слушнаа Бил прв пат да ги изусти зборовите што ги очекуваа - Обама е подготвен да ја води Америка. Бил Клинтон дури се пошегува дека и нему Републиканците пред 16 години му префрлувале оти е премногу неискусен. Така фановите на Клинтонови, благодарни за инсценацијата, конечно застанаа зад 47-годишниот сенатор од Илиноис Барак Обама.

Тој, пак, во Денвер уште еднаш покажа колку е добар говорник. Од една страна му остана верен на својот стил и не се воздржа од големи зборови, велејќи дека е ова решавачки момент во историјата, во кој сите заедно мора да се погрижат на Америка повторно да и’ оди подобро во економски поглед и повторно да биде можен американскиот сон. Но, Обама исто така осозна дека мора да биде и поконкретен, ако сака да победи на изборите, па на Американците им објасни какви одговори има за нивните проблеми и грижи. Притоа опфати голем лак од внатрешна политика, преку енергетски прашања, до надворешна политика.

Во наредните денови и недели ќе се покаже како избирачите ја примија неговата порака. Но, од овој собир остануваат слики за една повторно обединета партија и за еден претседателски кандидат кој е подготвен да ја прифати борбата.

►◄