1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Слеклајн - танц на тенка лента

Слеклајн е нов спортски тренд. Тој изгледа како одење по жица, но нема врска со тоа. Слеклајнерите тврдат дека е тоа спорт кој нема лимит.

Делува толку едноставно, а е неверојатно тешко. Балансирање на лента - тоа е слеклајнинг. За Пит од Рурската област и неговите пријатели нема ништо поубаво. Кога лебдат над земјата, им паѓаат в очи на минувачите.

„Најголемиот дел од минувачите сметаат дека е ова циркуска точка и не‘ прашуваат дали тоа го правиме професионално и зошто се занимаваме со вакво нешто. Јас на дрскост најчесто контрирам со контрапрашање - зошто ти одиш да танцуваш на викенд? Тоа е исто. Едноставно, убаво е на момент да се чувствуваш слободен“, вели Пит Вилхелм.

Слеклајнен изгледа слично на танц по жица, но нема врска со тоа. Кај слеклајнен се балансира на многу еластична широка лента, која е најчесто распната меѓу две стебла. Овој спортски тренд доаѓа од спортовите со искачување, со цел да се тренира сопствената рамнотежа. Но, тоа одамна се претвори во нешто многу повеќе. На лентите може да се скока, да се сурфа и дури и да се лежи и седи. Се‘ преку сопствената рамнотежа. Слеклајнинг е нешто медитативно - мора да се концентрирате на сопствената рамнотежа и да не дозволите вниманието да ви биде одвлечено. Притоа, без да се забележи, се тренира целата мускулатура.

Треба да се проба нешто ново. Да се балансира над Рур, на изненадување на многумина спортисти на вода. Но кој сака да ја совлада реката, мора да биде подготвен. Пит Вилхелм објаснува: „Да, тоа се сили кои делуваат до тежина од еден тон, а при станување дури уште повеќе. Ако се скине лентата, може многу да боли.“

Први чекори на Пит над Рур. Чувството за него е секогаш неописливо: „Сум се занимавал со многу спортови во животот и од многу спортови сум се воодушевил. Но доаѓа момент кога се достигнува лимитот и нема развој. Овде нема лимит. Овде секоја секунда на лентата е напредување.“

Успешно! Пријателите на Пит се воодушевени. Со своите слеклајнс повторно се справија со нов предизвик.