1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Следува ли црногорски „Петти октомври“?

По претседателските избори во неделата на 7. април се чини дека во Црна Гора веќе ништо не е исто како порано. Некои аналитичари тврдат оти ситуацијата во земјата е слична како во Србија пред 5. октомври 2000. година.

Ако се суди според однесувањето на клучните политички актери, Црна Гора од неделата (7.4.) има двајца претседатели. Бидејќи, изборна победа прогласија и кандидатот на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) Филип Вујановиќ и независниот кандидат Миодраг Лекиќ, кого го поддржа целата опозиција. Во опозициските партии оценуваат дека ДПС на премиерот Мило Ѓукановиќ, се обидела да ја прекрои волјата на народот и дека со тоа практично извршила државен удар!? И во Социјалдемократската партија (СДП) на Ранко Кривокапиќ сметаат оти треба да се причека со објавување на официјалните резултати за да се донесе конечен заклучок.

Filip Vujanovic und Miodrag Lekic

Кандидатот на владеачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) Филип Вујановиќ и независниот кандидат за претседател на Црна Гора, Миодраг Лекиќ



СДП и малцинствата доведоа до пат-позиција

Токму социјалдемократите, со скратување на поддршката за Вујановиќ и со тврдењата дека неговата кандидатура е неуставна, најмногу придонесоа за слабите резултати на кандидатот од ДПС. Истовремено и припадниците на малциските национални заедници, кои традиционално го поддржуваат кандидатот на власт, во значаен број апстинираа, што дополнително ја ослабе позицијата на Вујановиќ.
„Во ситација  во која ’аферата снимка’ го откри начинот на кој владејачката партија во Црна Гора остварува предност на изборите, логично е што опозицијата инсистира да се проверат сите нерегуларности“, изјави за Дојче веле црногорската политичка аналитичарка, Далиборка Улјаревиќ. Таа додава дека оваа пат-ситуација во Црна Гора го привлекла вниманието и на европските претставници. „Имаме и најава за посета од страна на  високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон, која за прв пат во својот четригодишен мандат доаѓа во Црна Гора, што значи дека ова прашање веќе добило меѓународно значење. Се надевам само оти опозициските структури, но и другите заинтересирани страни, ќе имаат сила, памет и трпение да го искористат адекватно капиталот кој Миодраг Лекиќ го стекна на овие избори.“, вели Улјаревиќ.



Опозицијата на потег, Ѓукановиќ нуди дијалог

Според зборовите на директорката на незвисниот неделен весник од Подгорица „Монитор“ Милка Тадиќ - Мијовиќ, Црна Гора денес е во слична позиција во која се наоѓала Србија пред 5. октомври 2000 година. Таа наведува оти и институциите во Црна Гора се заробени и дека поради тоа голема одговорност лежи врз плеќите на Лекиќ и на опозицијата. „Многу предупредуваа дека воопшто  не треба да се оди на избори со оглед на сите механизми на манипулација и кражба кои ги откри ’аферата снимка’. Верувам дека сега опозицијата која ја има в рака фактичката победа и вистински ќе тргне во борба за легитимација на изборите и за демократски промени во Црна Гора“, додава Тадиќ-Мијовиќ.
А премиерот Ѓукановиќ во петокот (12.4.) изјави дека во интерес на стабилноста на земјата е подготвен заедно со сите политички субјекти да ги решава сите отворени политички прашања.