1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Следи ли „голема бура„ на Блискиот исток?!

Заканувачката ескалација на Блискиот исток по грабнувањето на еден израелски војник предизвика загриженост во меѓународната заедница.

Израелски оклопни единици го стегаат обрачот околу Појасот Газа

Израелски оклопни единици го стегаат обрачот околу Појасот Газа

Се подготвува ли „голема бура„ на Блискиот исток?!

Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, апелираше до Израелците и Палестинците во овој сериозен момент да преземат се‘ што е можно за спречување на ескалацијата. И шефицата на американскиот Стејт департмент Кондолиза Рајс ги повика обете страни на умереност и побара да не ја заоструваат ситуацијата. Во тек се меѓународни напори за ослободување на војникот, порача Рајс. Израел во меѓувреме воведе потполна блокада на Појасот Газа од копно и од море и мобилизира воени единици за голема копнена операција.

Влегувањето и излегувањето од Појасот Газа е потполно блокирано. Исклучоци нема дури ни кога се во прашање хуманитарни пратки или лекови. Ова е првиот чекор од повеќето планирани за да се изврши притисок врз палестинските екстремисти да го пуштат на слобода киднапираниот подофицер на израелската армија, најави премиерот Ехуд Олмерт. Во меѓувреме портпарол на армијата ги негираше информациите од медиумите дека се подготвува и прекин на снабдувањето со струја и вода во Појасот Газа.

Вчера се огласи военото крило на владеачкиот Хамас со заедничко соопштение со уште две други милитантни организации на Палестинците, во кое од Израел се бара да ги пушти на слобода сите палестински жени и деца под 18 години во замена за информации околу грабнатиот војник. Според палестински извори во израелските затвори се наоѓаат околу 9.400 Палестинци од кои 100-тина жени и повеќе од 300 малолетници. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт меѓутоа уште пред објавувањето на ова соопштение категорично ја исклучи можноста од преговори со грабнувачите. Наместо тоа, тој се закани со сеопфатна воена операција:

О-тон

„Вчера им дадов наредба на командантите на армијата да ги подготват нашите сили за сеопфатна и дологотрајна воена операција за да удриме врз терористичките организации и нивните водачи, како и секого кој е вмешан во теророт. Треба на сите да им биде јасно дека ќе ги најдеме, каде и да се наоѓаат и тие тоа добро го знаат. Никој нема да биде поштеден!„

Пред парламентарниот одбор за безбедносни прашања висок претставник на воената разузнавачка служба поднел извештај во кој се вели дека 19-годишниот подофицер се наоѓа во рацете на водечки личности на военото крило на Хамас. Иако не знае каде точно се наоѓа, јасно е дека грабнатиот Гилад Шалит е жив и само полесно ранет. Во моментов има разлики меѓу военото и политичкото крило на Хамас околу натамошната постапка, јавува израелскиот весник „Хаарец„ , повикувајќи се на добро известени владини кругови. Наводно шефот на политбирото на Хамас, Калед Мешал, кој живее во Дамаск се спротиставил на ослободувањето на израелскиот војник. Израелскиот министер за инфраструктура, Банјамин Бен Елизер, директно му се закани на Мешал дека нема никаков имунитет за луѓе кои следат екстремистичка линија и се впуштаат во тероризам. „Ако почнеме со земање заложници, тогаш за Израел не е никаков проблем да влезе во Појасот Газа и да киднапира половина од членовите на палестинската влада!„ – се закани Бен Елизер.

Премиерот на палестинската влада Исмаил Ханија бара што е можно побрза разврска на случајот, исто како и претседателот Махмуд Абас. Претседателот Абас во меѓувреме им нареди на палестинските сили за безбедност да трагаат по грабнатиот израелски војник.