1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Сламка за спас

Итни кредити за спас на автомобилските концерни Џенерал Моторс и Крајслер - американскиот претседател, Џорџ Буш им вети помош од 17,4 милијарди долари. Веста е пречекана со олеснување.

default

Само неколку часа откако претседателот Џорџ Буш најави помош во милијарди за автомобилската индустрија, претставниците на Џенерал Моторс и Крајслер во Вашингтон, веќе ги потпишаа договорите за кредити. Првиот човек на Џенерал Моторс, Рик Вагонер и‘ се заблагодари на администрацијата на Буш за кредитот со кој треба да се премостат актуелните тешкотии и рече дека ветувањето за краткорочни кредити добро и‘ дошле на целата автомобилска индустрија во САД.

Но, тоа е точно само во индиректна смисла, зашто од ваквите итни кредити профитира првенствено Џенерал Моторс. Тој од вкупно 17,4 милиајрди долари за кредити, ќе добие 13,4 милијарди, а Крајслер - 4 милијарди. Форд соопшти дека засега нема потреба од државен кредит. Но, и шефот на Форд, Ален Малејли е среќен што неговите колеги од конкурентските концерни добиваат пари од Вашингтон, зашто тој стравува дека банкрот на само еден автомобилски концерн би може да ги одведе во пропаст и останатите. На тоа укажа и шефот на Џенерал Моторс, Вагонер: „Овој чекор ќе спаси многу работни места, а ќе им помогне и на лиферантите, трговците и малите претпријатија кои се зависни од Џенерал Моторс и целата автомобилска индустрија.“

General Motors entlässt Mitarbeiter

Кредит да, но под услов...

Парите за краткорочните кредити се од пакетот од 700 милијарди долари, наменет првично за спас на финансискиот сектор. Во нормални услови, како што рече претседателот Буш, немало да даде дозвола за кредити, но условите не се нормални: „Невработеноста, финансиската криза и рецесијата, во спротивно, ќе се влошат и нашиот иден претседате ќе биде конфронтиран со пропаѓање на една од најголемите индустрии уште на почетокот на мандатот.“

Со ветувањето за кредити, Буш има поврзано и многу јасни барања што Џенерал Моторс и Крајслер треба да ги исполнат. Тие треба да се реконструираат за да можат да конкурираат со странски автомобилски концерни. Претседателот бара пофлексибилни работни времиња, кратење на платите и намалување на долговите. Концерните имаат време до 31 март да докажат дека се способни да преживеат. Во спротивно, ќе мора да ги враќаат кредитите и им се заканува банкрот.

DW.COM