1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Слаби надежи за екологијата во Кина

Новината на годинешното заседание на Кинескиот Народен конгрес, што од вчера заседава, беше апелот на премиерот Вен Ѓијабао за засилена заштита на човековата околина. Тој дури најави дека претпријатијата што нема да се придржуваат до еколошките норми ќе бидат казнети. Прашање е само дали централната власт во Пекинг е во состојба да ги спроведе ваквите најави – се прашува Астрид Фрајајзен во следниот коме

Може ли економскиот бум да добие поеколошко лице?

Може ли економскиот бум да добие поеколошко лице?

нтар на Дојче Веле.

Реално од Кина пристигаат застрашувачки информации кога е во прашање човековата околина. Често истекуваат отровни материи од фабриките што претставуваат опасност за поголеми подрачја, па и за целиот свет. Кинезите се на најдобар пат уште во оваа деценија да станат светски загадувачи број еден и со тоа да го преземат неславниот примат од Американците.

Од таа гледна точка најавата на кинескиот премиер Вен Ѓијабао за засилена грижа за природата е секако пријатна. “Ќе преземеме мерки за штедење на енергијата, за намалување на нејзината потрошувачка и за заштита на околината“ - јасно и гласно најави премиерот пред пратениците на Народниот конгрес.

Но, оние кои ја следат кинеската политика знаат дека вакви и слични најави не се ништо ново. Тие се само насочени кон меѓународната јавност, од која владата во Пекинг сака да добие признание. Единствената промена на еколошки план во Кина е тоа што проблемите околу заштитата на човековата околина се се‘ почесто важна тема во говорите на политичарите. Во практиката, во секојдневниот живот нема ништо од тоа. Случаите во кои некој навистина мора да одговара за еколошките загадувања се исклучително ретки. Само од време на време по некој државен службеник или функционер на владеачката партија мора да си замине – и тоа е се‘!

Се‘ додека градоначалниците на кинеските градови можат да се китат со еколошки ловорики веќе со фактот што издале наредба за градење систем за прочистување на отпадните води – ситуацијата нема да се промени. Некој мора да контролира дали тие системи навистина и функционираат, дали се одржуваат, доградуваат. Истото важи и за фабриките. Кога би имало почести и ненајавени контроли, тогаш сигурно повеќе фабрики би биле затворени затоа што ја загадуваат околината, а нивните директори би морале да стравуваат за своите фотељи. Сегашната ситуација меѓутоа не дава гаранција за такво нешто, веќе и поради фактот што Службата за екологија има многу мал број службеници кои би можеле одеднаш да се појават како контрола.

Едно од можните решенија би било да им се даде поддршка на невладините организации и граѓански иницијативи. Нив ги имаа на стотини во Кина, но сите се без легална основа. И ангажманот во нив претставува опасност за еколошки свесните граѓани. Така неодамна во градот Ханџо еден млад активист заврши в затвор затоа што објавил државна тајна. Тајната се однесувала на податоци за загадувањето на човековата околина, а критикуваните претпријатија имале очигледно добри врски во правосудството. Би било доволно ваквите храбри граѓани да добијат поддршка и заштита од централната кинеска власт и исполнувањето на прокламираните еколошки цели би станало многу пореално. Но, за сега нема никакви знаци за ваква промена во политичката клима на Кина!