1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Слаба политичка застапеност на Ромите

Политичкото влијание на Ромите во средна и југоисточна Европа е во прва линија мало. Но тоа не се должи само на нивното маргинализирање во општеството, сметаат експертите од невладините организации.

Дали во Србија или Македонија, Бугарија, Романија или Унгарија: Во земјите, во кои малцинството на Ромите веќе со столетија е застапено во голем број, тие сепак се маргинализирани. Како „цигани“ презирани, честопати биле прогонувани, а денес во најдобар случај се толерирани и многу ретко прифатени како рамноправни сограѓани.

Тоа би морало да биде земено в предвид, кога се зборува за недостигот на политичко учество на Ромите во нивните земји, нагласува Жељко Јовановиќ, директор на канцеларијата за иницијативи за Ромите на фондацијата Отворено општество во Будимпешта. „Се работи за едно малцинство кое во сите земји е општествено маргинализирано и исклучено од социјалните, политичките и економските организациони форми“, вели Јовановиќ во разговор за ДВ.

Освен тоа Ромите во сите земји во кои живеат припаѓаат кон најсиромашните општествени слоеви. „Според податоци на ОН 40 проценти од Ромите живеат на работ на сиромаштијата, а кога луѓето се гладни не мислат на политика“, вели Јовановиќ.

Национализмот како закана

Во 1971 година во Лондон се одржа првиот светски конгрес за Ромите, на кој беше договорена ознаката „Роми“ како заеднички поим за сите припадници на малцинството, ромскиот како заеднички јазик и меѓународното знаме на Ромите. Седум години подоцна на вториот светски конгрес за Ромите, следуваше формирање на Меѓународната унија на Ромите - сојуз на регионалните и националните застапништва на интересите. За развојот на една политичка свест и неопходните политички структури меѓутоа биле „40 години релативни кратко време“, вели Јовановиќ.

Ungarn Prozess Urteil rassistische Morde an Roma

Тага по две жртви од расистичко мотивирани убиства на Роми во Унгарија

Друга пречка за политичките организации на Ромите во нивните татковини во средна и југоисточна Европа бил и тамошниот силно проширен етноцентризам и национализмот на мнозинството, појаснува Осман Бајиќ од српската невладина организација „Јуром- Центар“. „Овој етноцентризам сака етнички чиста, национална држава во која нема место за организациите на Ромите“. Со постојано одново доживеаното изолирање и прогонување Ромите научиле „национализмот да го препознаат како закана и соотведно на тоа и да се однесуваат“. Дека притоа станува збор за реални стравови покажуваат различни случаи на анти-ромски испади и напади врз Ромите во изминатите години: Во Унгарија десни екстремисти во 2008 и 2009 година убија шест Роми - меѓу нив и едно четиригодишно момче.

„Ромите како политичка декорација“

Пред сѐ во земјите на поранешниот источен блок „демократските правила на игра допвра се развиваат“, вели Бајиќ - и таму Ромите како сериозни политички актери „не се посакувани“. Во некои од парламентите на средна и југоисточна во меѓувреме се резервирани неколку мандати за преставниците на малцинствата, меѓу нив и за Ромите. По правило меѓутоа се работи за „привидна демократија“ во која „Ромите фунгираат како политичка декорација“, без вистински можности за влијание, смета Бајиќ.

Сепак и покрај ова ограничено влијание политичкото застапување на Ромите е голем чекор напред. Особено на локално ниво претставниците на Ромите, на пример во Србија, Бугарија или Романија се многу ангажирани и се залагаат за поголеми шанси за образование за децата и подобри услови за живеење, вели Бајиќ.

Македонија како пример

Roma Mazedonien

Шуто Оризари

Како позитивен пример за учество на Ромите во политичкиот живот се смета Македонија. Таму Ромите се трета по големина етничка група во земјата и претставуваат околу осум проценти од населението. Има две партии кои воглавно ги претставуваат интересите на Ромите: Нивните пратеници се веќе 20 години застапени во македонскиот парламент. Во владата Ромите имаат едне министер без ресор, кој ги застапува интересите на Ромите.

Јазичната политика се смета за особено либерална. Ромскиот е еден од службените јазици во Македонија. „Во училиште децата Роми можат да го учат нивниот јазик на наставата по мајчин јазик“, нагласува Марија Ристеска од Центарот за политички истражувања во Скопје. „Македонија е единствената земја во светот, во која јазикот на Ромите е дотаму стандардизиран, да како предмет може да се изучува на филолошкиот факултет“, вели Ристеска во разговор за ДВ. Со тоа напредна и интеграцијата на Ромите во македонското општество. Тоа го покажува и големиот број на Ромите млади кои го продолжуваат образованието.

За во другите земји да се постигне сличен развој, Ромите меѓутоа не смеат само да чекаат на тоа, мнозинството да им подари нешто, нагласува Жељко Јовановиќ: „Ромите мораат да најдат нови форми, за да се организираат политички и општествено“, и тоа не само на избори туку и во секојдневието.

Поврзана содржина