1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Скопје: опасни изјави на Мустафај

Премиерот на Македонија Владо Бучковски е во посета на Брисел, еден ден по посетата на албаснкиот министер за надворешни рабти Мустафај на седиштетот на ЕУ. Неговата изјава за границите вчера ја коментираат и македонскиот претседател Бранко Црвенковски и европретставникот во Македонија Ерван Фуере.

Македонскиот премиер Владо Бучковски од денеска е во дводневна посета на Брисел. Ќе се сретне со претставници на НАТО и ЕУ. Македонскиот претседател Бранко Црвенковски вчера пак истакна која е задачата на Македонија на патот кон ЕУ: Кај одделни земји на Унијата постојат резерви и скепса околу проширувањето на ЕУ, и наша задача е да го елиминираме или минимизираме просторот за таквиот скептицизам, изјави претседателот Бранко Црвенковски. Црвенковски и европретставникот во Македонија, Ерван Фуере, вчера ја коментираа и изјавата на албанскиот министер за надворешни работи Бесник Мустафај околу границите на Балканот.