1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Скопје не смее да стане Белфаст

Проектот „Скопје 2014“ веднаш по промоцијата предизвика бура од реакции во македонската јавност. Спорат граѓаните, економистите, архитектите, политичарите. Освен урбанистички, проектот отвори религиски и етнички прашања

default

Проектот „Скопје 2014“ ја бранува јавноста во Македонија

Скопје по четири години ќе биде поделен град и ќе наликува на Белфаст, од едната страна на Вардар ќе бидат спомениците на Македонците од другата на Албанците, предупредува албанскиот публицист Нијази Мухамеди. Симболична поделба на Скопје на средината на Камениот мост денеска претстави невладината “Разбуди се“. Активистите подигнаа импровизиран ѕид од картонски кутии како предупредување дека проектот „Скопје 2014“ во кој е предвидена изградба на десетици инфраструктурни објекти во центарот на градот ќе значи нова поделба на граѓаните. Во пет до дванаесет Беким Хоџа го прочита предупредувањето по што картонскиот ѕид беше урнат со бомби од тоалетна хартија.

“Проектот 2014 гради ѕидови како овој. Ние младите Албанци сме против ѕидови“.

Во исто време на скопскиот плоштад требаше да се одржи протест против реализација на проектот Скопје 2014. Организаторите, активистите на невладината Плоштад слобода се откажаа од како што тврдат безбедносни причини. Никола Наумоски од невладината објасни дека не сакале да преземат одговорност за насилството кое некој сакал да го исценира.

Албанците бараат место и за нивните херои

Proekt Skopje 2014

Камениот мост ќе стане мост на поделби тврдат од „Разбуди се“

Проектот на општина Центар и Министерството за култура веднаш по промоцијата предизвика бура од реакции во македонската јавност. Спорат граѓаните, економистите, архитектите, политичарите. Освен урбанистички дилеми, намерата на власта да го менува ликот на главниот град отвори религиски и етнички прашања. Муслиманите бараат на плоштадот да се изгради и Бурмали џамијата која била урната во 1925 година, Албанците очекуваат да им бидат кренати споменици и на нивните народни херои. На денешната трибина на оваа тема во организација на Нова демократија група албански интелектуалци објаснуваа зошто се против проектот.

“Ако ова се изгради ќе се вкоренат меѓурелигиозни разлики исто како во Ирска“, кажа публицистот Нијази Муамеди.

Поддржувачите на проектот Скопје 2014 сметаат дека со издградбата на предвидените објект ќе се даде нов модерен лик на градот. Ќе се надомести периодот во кој не било ништо изградено и центарот на Скопје ќе стане европски.

автор: Горан Петрески

редактор: Борис Георгиевски