1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Скопје на светската маратон- карта

Секоја метропола, речиси без исклучок има своја маратон- трка. Маратонот е едно од најспектакуларните нивни спортски обележја. И Скопје, вчера беше на светската маратон-карта.

default

Победникот на скопскиот маратон Диксон Терер од Кенија

Нема долга традиција, но се чини е на добар пат. Во трите натпреварувачки категории-класична делница, полумаратон и на 5000 метри стартуваа 2600 учесници.

Доминација на Кенијците

Резултатски Кенијците доминираа. 30-годишниот Диксон Терер победи со рекорд на патеката од 2 часа, 23 минути и 50 секунди.

„Го истрчав мојот прв маратон. Досега трчав полумаратони во Кенија. Првпат се натпреварував надвор од мојата земја и победив. Дадов се од себе, направив добар резултатски прогрес. Натпреварувањето беше многу добро, организацијата одлична. Јас сум среќен“.

Втор беше исто така Кениец, Едвин Руто. Најдобропласиран Македонец е Ѓорѓи Трендафилов на 6-то место.

„Темпото беше силно, го држев до 25-тиот километар, а потоа дадов се од себе“.

Цецилија Вартумо, победничката меѓу маратонките исто така доаѓа од Кенија, од моќната атлетска нација.

Mazedonien - Land und Leute

Скопје

Учесничка во маратонот беше и Благица Јованова. Допатува од Париз.

„Повеќе од 5 годин сум во Франција. Работам во Париз и еве оваа година дојдов да трчам на скопскиот маратон. Во текот на целата трка имав прекрасно чувство, ми беше задоволство да трчам на овогодишниот скопски маратон“.

Најстар учесник во трката беше 72-годишниот Ендрју Котулски, кој дојде од САД.

Маратон по европски терк

Доктор Ристо Љамчевски е еден од основоположниците на првиот скопски маратон во 1997- та година. Емотивно го доживува растежот на ова натпреварување.

„Оваа година навистина сум горд што овој маратон веќе личи на вистински маратон. Имаме вистински, квалитетни учесници од многу земји. Ова е празник за сите и за атлетиката“.

Risto Ljamcevski, Gründer des Skopje-Marathon As for the rights to publish this photos with my name on them,here I confirm tnat DEUTSCHE WELLE HAS THE RIGHTS TO PUBLISH ALL THE PHOTOS SENT FROM MYSELF,ZLATKO KALINSKI, WITH NO THE LIMIT. Eingereciht von Boris Georgievski

Ристо Љамчевски

Во трката на 5 километри учествуваше и Евроамбасадорот во Македонија, Петер Соренсен.

„Јас сум импресиониран од ова што го гледам. Организацијата е одлична со оглед дека е само 5-ти по ред маратон. Среќен сум од ова што се случува, ова е европски ден во кој доминира духот на Европа. Задоволен сум и од својот настап“.

Скопскиот маратон оваа година се бодува во рамките на Балканските маратони, истовремено тој на учесниците им даваше можност за исполнување норма за светското првенство и за олимписките игри. Градоначалникот Коце Трајановски вели дека е ова чин на доверба во организацијата на маратонот.

„Навистина овој маратон е големо доживување за градот Скопје и за Р. Македонија, особено што пласманите на скопскиот маратон ќе носат им бодови на учесниците кои сакаат да се натпреваруваат на светските првенства и на олимпијадите. Тоа нас не прави особено горди. Тоа не е случајно, тоа е доказ на добрата организација на овој маратон.“

Годинешниот награден фонд на Скопскиот маратон беше 10.300 евра, победниците во класичните трки добија по 1.700 евра.

Автор: Златко Калински

Редактор: Борис Георгиевски

Поврзана содржина