1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Скопје на второ место за инвестирање во Европа

Македонскиот главен град се најде на второ место на ранг листата на Глобалниот водич за недвижности, благодарение на можноста за висок профит и ниските трошоци.

default

Скопје

Скопје се пласираше на високото второ место на ранг-листата на најдобри места за инвестирање во недвижности во Европа, на Глобалниот водич за недвижности која ја објави британскиот весник Дејли Телеграф.

На прво место е Будимпешта, а на третото Амстердам. Весникот проценува дека добри страни на инвестирањето во Скопје се високите профити, пазарот за изнајмување во корист на сопствениците, ниските трошоци на трансакции и средните даноци на приход. Како лоши страни се издвојуваат сериозните ограничувања на сопственоста, како и политичката и безбедносната загриженост.

Ungarn Land und Leute Budapest Donaublick mit Parlament

Будимпешта

На листата доминираат градови од Источна Европа, за кои, слично како и во случајот на Скопје, се наведуваат можностите за добар профит, ниските трошоци за трансакции, како и законите кои ги фаворизираат сопствениците на недвижностите, наспроти станарите и изнајмувачите.

Покрај Скопје и Будимпешта, на листата меѓу првите 20 се уште и Загреб, Варшава, Букурешт, Братислава, Софија, Прага и Љубљана.

Од поголемите западно-европски градови, покрај Амстердам, фигурираат и Рим, Берлин, Париз, Виена, Брисел и Хелсинки.

Автор: БГ/миа

Редактор: Александра Трајковска

Поврзана содржина