1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Скопје и Тирана ги усогласија ставовите околу визната политика

Албанските граѓани во Македонија и натаму ќе може да патуваат со визи кои ќе ги вадат на граничните премини. Владата најавува дека двете страни наскоро ќе потпишат договор за целосно укинување на визите.

default

Скопје

Албанските граѓани за влез во Македонија, виза ќе добиваат како и досега на граничните премини. Примената на одлуката за новиот визен реежим со која тие визи требаше да добиваат во македонската амбасада во Тирана, владата во Скопје ја одложи само неколку часа пред да стаспи на сила. Со ова останува на сила спогодбата за визен режим меѓу двете земји од 1997 година.