1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Скопје има безброј лица

Фотографиите на мајсторите на објективот, Хенрик Елбурн, Иван Блажев и уште осуммина македонски автори, го портретираат Скопје пред публиката во Куќата на културата во берлинската населба Шпандау.

default

Инсерти од македонската, во германската престолнина

Странските фотографи, кои стигнуваат во Скопје за својот објектив бараат егзотични мотиви: пазари, недоизградени куќи, распаднати фасади, бездомници, урбанистички чиреви. Стереотипи, со кои честопати се идентификува Балканот, кои иако понекогаш се болни и не многу убави, се дел од македонската реалност. Ова е покажано на изложбата „Портрет на градот Скопје”, чии организатори покрај германскиот мајстор на објективот Хенрик Елбурн, поканија уште девет македонски фотографи „од внтаре” да го отсликаат градот.

Резултатот, 23 од 60-те селектирани фотографии, прикажуваат дел од Скопје, за чиј портрет кураторот Ролф Заксе забележа: „Убави слики, не се само оние кои на прв поглед се чинат такви, туку оние во кои убавината мора да се открива. Дури и тие, кои можеби не се чинат толку убави. Фотографите имаат право се’ да отсликуваат...”

И десетмината навистина она што го отсликале е врв на естетиката. Можеби и малку црна, но е македонска, скопска! (театарот, поштата, делови од Грдадски ѕид) И многу, многу

Mazedonische Tage in Spandau Berlin Deutschland

„Ангелот“ на Иван Блажев, мотив од првоаприлскиот карневал

индивидуална. Тука се делата на Атанас Бајалзов, Томислав Георгиев, Иван Илиев, Благоја Јанкоски, Александар Ников, Славица Панова, Сања Николиќ, Иво Велјанов. Со својата јаснотија плени и „Ангелот” на Иван Блажев, овековечен на првоаприлски карневал во Скопје. За одбраниот мотив Блажев вели дека ја овековечил изгубеноста на ангелот во градот, чија позадина само се надѕира. Останува чувството како ангелот да паднал среде урбаната средина на Скопје...

Овековечени атмосферата и интензитетот

Хенрик Елбурн, кој на двапати престојувал во Скопје и направил над 3.500 снимки, во фотографиите со многу амосфера не ја прикажува розовата македонската реалност. „Не сакав да направам туристички каталог на Скопје. Сакав да го покажам Скопје онака како го доживеав додека шетав по него... Спиев по два - три часа и цело време бев надовор на улица. Не фотографирав скулптури, туку живи луѓе. Така е и во Берлин, и во секој голем град. Не е нешто посебно само за Скопје”, вели Елбурн, коментирајќи дека не сакал да критикува преку фотографијата. Негова цел била да го отслика моментот, атмосферата, која можеби и не е убава.

Mazedonische Tage in Spandau Berlin Deutschland

Германскиот фотограф Хенрик Елбурн го плени автентичноста на Скопјани

Во Скопје го отсликал сиот интензитет и автентичноста на луѓето, која ја нема лесно во Германија. Комуницирал со секој лик од фотографиите, и се обидел да ја пренесе не само амосферата, туку како вели и мирисите, вкусовите и прашината на Скопје.

Од фотографиите кои Елбурн ги датира прецизно во час и минута, пленува онаа со девојчето во автобусот за Сарај. „Скопје е град кој буди различни емоции. Едни велат е убав и има душа. Други дека е бучен и валкан. Трети дека има конфузна урбанистичка слика. За едни е мал, за други голем.... Градот е слика на разлики, синоними на различности... Но Скопје, секој кој ќе научи да го сака, се враќа во него“.

Ваквата повеќеслојност на Скопје во кое има мрачни сокаци и светли улици, колиби и убави зданија, типични за секој голем град, на отварањето на изложбата го истакна и амбасадорката на Македонија во Берлин Корнелија Утевска-Глигоровска.

Изложбата, која е заеднички проект на Гете Институтот од Скопје, Германско-македонското друштво и Здружението „ТрансНетворк", го привлече вниманието на голем број посетители, а гостин беше и режисерот Милчо Манчевски, чиј филм „Мајки” в среда е на програмата на Панорамата на Берлиналето.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Александра Трајковска