1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Скопје воздржано за разговорите кај Нимиц

Ставот за последната рунда разговори на медијаторот Метју Нимиц со преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис македонските власти ќе го соопштат по нејзиното завршување.

default

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски изјави дека Македонија останува на линија на почитување на превземените обврски, како земја која има покажано дека настапува како конструктивен партнер во која било комуникација.

„Сметам дека треба да овозможиме најдобри можни услови за медијаторот и претставникот на Обединетите нации г-динот Метју Нимиц да ја извршува на најефикасен начин својата работа. Се случија поединечни средби, денеска има и заедничка средба. Мислам дека во овој момент треба да му оставиме нему да ја изврши својата работа. Потоа ќе направиме едно согледување и ќе ги искажеме нашите размислувања по ефектите од овие средби“, изјави Попоски.

„Нашите очекувања ги кажавме претходно. Остануваме на линијата на Република Македонија како земја која е посветена на почитување на сите превземени обврски и на еден конструктивен партнер кој во минатото има покажано дека ние со добра волја настапуваме во било која комуникација. Надвор од тоа сметам дека треба да му оставиме простор на претставникот на Обединетите Нации г-динот Нимиц да ги заврши разговорите и по согледување да излеземе со наши видувања и ставови“, рече Попоски.

Инаку, медијаторот Нимиц во понеделникот во Њујорк имаше одвоени средби со двајцата преговарале Јолевски и Василакис. За вторник попладне по македонско време е закажана и нивна заедничка средба.