1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Скијачкиот туризам сардисан од екологистите

Бугарските екологисти преку масовен протест ги принудија политичарите во Софија да го одбијат спорниот закон за користење на шумите. Ова е прв успех на новата култура на протести, организирани дигитално, во Бугарија.

Орловиот мост во Софија е симболично место. На овој мост, оддалечен само неколку чекори од парламентот и универзитетот, во 1990 година се оддржаа најголемите антикомунистички демонстрации во Бугарија. 22 години подоцна - во јуни 2012 - овде се создаде нова протестна култура: илјадници млади луѓе, кои се организираа преку Фејсбук и Твитер го запоседнаа мостот како протест против спорниот закон за користење на шумите. Со него на пример ќе се олеснеше надградбата на скијачките центри во заштитените шумски региони на југот на земјата.

Предлог законот меѓу другото предвидуваше и скијачките писти, жичарниците и хотелите во заштитените планински и шумски региони да смеат да бидат градени, без претходно да биде поднесено скапото барање за пренамена на земјиштето во градежно земјиште - и покрај тоа што ваквото барање досега беше обврзувачки за секаква градба. Инвеститорите и управителите со скијачките писти аргументираат од економски аспект: Намалувањето на бирократијата е важна за туризмот, на тој начин бугарските скијачки региони ќе станат поконкурентни.

Скијачки туризам наспроти заштита на шумите

Пред се’ скијачкиот туризам има енормно значење, токму во економски многу слабиот планински регион на југозападот на Бугарија, каде невработеноста е многу висока. Ова беше главниот аргумент на одговорниот министер, Мирослав Најденов. Највисокиот скијачки функционер во земјата банкарот и бизнисмен Цеко Минев говори во името на браншата: „Општеството е доведено во заблуда. Развојот на скијачкиот туризам не претставува опасност за животната средина“.

Lehrstuhl Skilift bei alpinen Skigebiet Borovets

Боровец

Со ова тој сака да го намали значењето на забелешките кои ги имаат противнциите, а впрочем ги споделува и Светскиот фонд за дива природа (WWF / World Wildlife Fund). Младите екологисти  меѓутоа се убедени дека со законот би дошло до масовна гола сеча на шумата. Затоа тие протестираа против среброљубието и игнорирањето на животната средина: за ова ја обвинуваат бугарската влада, кој од нивен агол била пријателски настроена кон бизнис елитите.

Новата генерација го пронајде својот политички глас

Во контекст на новиот закон постојано се слушаа и тврдења за можни бизнис интереси на членови на бугарската влада, преку корупција и непотизам. Во ваквата затегната атмосфера возвратија поддржувачите на законот: тие им префрлуваат на заштитинците на животната средина дека биле финансирани од невладини организациии од зимската туристичка бранша во Австрија, Швајцарија и Герамнија - со цел бугарските скијачки центри да не се развијат во конкурентни орморалишта.

Bulgarien Ministerpräsident Bojko Borissow

Премиерот Борисов

Со оглед на тоа што се заостри конфронтацијата меѓу скијачките лобисти и екологистите, бугарскиот премеир Бојко Борисов се вклучи како посредник. Иако претходно беше еден од поддржувачите на законот, порача дека ќе го слушне јавното мислење и предлогот нема да биде усвоен - иако смета дека законот е во ред. Претседателот Росен Плевнелиев, впрочем партиски пријател на Борисов, стави вето на предлог законот. Образложение: законот не е компатибилен со европското право. Освен ова стравувањата на критичарите на законот се оправдани, дека тој „не е во согласност со основните принципи на уставот и граѓанските права“, изјави бугарскиот претседател. По ова пратениците на владејачката партија го одбија сопствениот предлог закон. Премиерот потоа даде упатства што треба да стои во преработениот нацрт закон.

Со ова заштитинците на животната средина, барем привремено, ја добија битката. Но победи и културата на протести во Бугарија, оти собирот на Орловиот мост беше првиот успешен  масовен протест организиран преку новите медиуми, преку кој новата генерација во Бугарија го најде сопствениот политички глас.