1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Скепсите кон Волфовиц остануваат

Новиот шеф на Светската банка Пол Волфовиц во фокусот на својата работа ќе ја стави Африка. Неделава е веќе на пат по неколку држави на континентот: Нигерија, Буркина Фасо, Руанда и Јужна Африка. Сака лично да слушне со кои методи може да се унапреди битката против сиромаштијата.

Пол Волфовиц во Нигерија

Пол Волфовиц во Нигерија

Доктор Хартмут Ине, од центарот за истражување на развојот на универзитетот во Бон вели дека бил изненанден од изборот на Волфовиц за шеф на Светската банка, но се надева дека ќе води политика што ќе биде во полза на развојот. Новиот претседател на светската банка непосредно по пресемањето на функцијата, демоснтративно ја најави својата прва турнеја во Африка, оставајќи ги настрана на пример, проблемите на Јужна Америка. Доктор Ине, по тој повод вели:

„Африка долго време важеше за загубен континент. Успесите во развојот не се посебно добри, пред се за црно-африканските држави. Одамна беше време тежиштето да се стави врз нив. За нас Европејците тоа е посебно важно зашто Африка е близок сосед и од наша страна можеме само да ја поддржиме Светската банка во нејзините настојувања„.

Концептот на Пол Волфовиц предвидува во рамките на развојната политика во одделни земји, да се создаде атмосфера што ќе обезбеди поголеми инвестиции. За да се постигне тоа, државите мораат да располагаат и со соодветна администрација:

„Важна задача во поглед на инвестициите е да се создадат сигурни правни услови и политичка стабилност со учество на граѓаните, а истовремено да се инвестира во образованието„, вели доктор Ине.

Пристапниот говор на Волфовиц и неговата брза посета на Африка вклучувајќи ја планираната финансиска поддршка за момент ги смири неговите критичари. Дали е тој вистинската личност за решавање на проблемите на сиромаштијата? Доктор Хартмут Ине:

„Сакам да кажам дека во политиката често го имаме феноменот на дијалектика. Значи токму оние од кои не се очекува, да ги спроведат вистинските мерки„.

Според тоа, скепсата кон новиот претседател на Светската банка не е расчистена. Следните месеци ќе покажат дали прагматичниот идеалист, како што го нарекуваат, ќе отвори нови патишта во битката против сиромаштијата.