Скандал е што католиците, протестантите и православните живеат одвоено | Свет | DW | 29.11.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Скандал е што католиците, протестантите и православните живеат одвоено

Средбата со Вартоломеј, почесен патријарх на православното христијанство, ќе биде кулминација на посетата на Папата на Турција

Папата Бенедикт 16-ти

Папата Бенедикт 16-ти

Иако во Турција на тоа често пати се гледа поинаку, средбата на Бенедикт 16-ти со Вартоломеј, меѓутоа, не е насочена против исламот, смета и православниот митрополит германски Аугустинос: “Во никој случај. Тоа никогаш ни беше така, Напротив! Во рамките на Патријархатот има комисии кои постојано се занимаваат со исламот и со децении бараат дијалог. Посетата има врска со светската православна црква”.

За значењето на средбата на Папата со вселенскиот патријарх, митрополитот Аугустинос во разговорот за Дојчландфунк рече: “Ова е трет Папа кој го посетува екуменскиот патријарх и желба е да се продлабочат врските. Секако ќе стане збор и за глобалниот дијалог меѓу православието и католицизмот. Се посаккува и промена на климата во односите. Во тој дијалог имаше и ледено доба поради прашањето на унијатските цркви. Се надевам дека сево ова ќе успее. Патријархот е екуменски христијанин, Папата исто така. Го познавам многу добро, оти ми беше учител во Минстер. Тој е за екумена со православните христијани. Познавач е на православната црква и теологија и, би рекол, му се воодушевува на православниот спиритуализам, па се надевам дека од тоа ќе произлезе нешто добро”.

Аугустинос вели дека сите спорни прашања меѓу православието и католицизмот мора да се расчистат во дијалог, при што треба да бидат опфатени и евангелистичките христијани. “Имено, скандал е дека до денес ние – католиците, протестантите и православните христијани – живееме одвоено” – вели митрополитот германски Аугустинос.