1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Скандал: Грчки неонацист нападна жени во телевизиска емисија

По вербалниот дуел, портаролот на неонацистичката партија Златна зора и‘ истури вода в лице на пратеничка на Сириза, а потоа со шлаканици нападна пратеничка на Комунистичката партија.

Членот на грчката неонацистичка партија Златна Зора во утринска програма на една грчка телевизија нападна и и‘ удри шлаканица на колешка од Комунистичката партија, а претходно истури чаша вода врз пратеничка на Сириза.

Илиас Касидиарис од Златна Зора трипати ја удри по лицето пратеничката на комунистите Лиана Канели за време на емисија во живо на грчката телевизија Антена. Канели го предизвика Касидиарис откако тој истури чаша со вода врз пратеничката на Сириза, Рена Дуру.

Канели единствена го предизвика Касидиарис, додека неколку мажи гости во студиото, меѓу кои беше и поранешниот министер за внатрешни работи на Нова демократија останаа на своите места.

Државната новинска агенција АМНА јави дека во меѓувреме државниот обвинител Елени Раику издала налог за апсење на Касидиарис.

Касидиарис, против кого има покренато обвинение дека помогнал во напад и ограбување на постдипломец во 2007 година, вчера го одложи судењето до 11 јуни. Пратеникот на Златна зора е обвинет и за илегално поседување оружје. Вербалниот дуел во емисијата започна откако соговорниците во емисијата го потсетија неонацистичкиот пратеник на овие постапки.

Неонацистичката партија Златна зора на последните парламентарни избори во земјата првпат во историјата доби гласови за влез во парламентот, со 6,97 проценти стигна до 21 пратеник. На 17. јуни во Грција ќе бидат одржани нови избори.