1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Скандал во Велика Британија

*

Британскиот министер за финансии Алистер Дарлинг јавно се извини по големиот скандал за загубени два диска со податоци за 25 милиони британски државјани. Дарлинг изјави дека станува збор за голема грешка, која досега се нема случено. Даночните власти дури по две недели го забележале исчезнувањето на податоците кои биле испратени по интерна пошта. Дарлинг не исклучува можност податоците да се најдат во раце на криминалци. Шефот на надлежната служба поради инцидентот поднесе оставка.