1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Скандали без крај со германските тајни служби

По правило, тајните служби работат во сенка, но германската во моментов е поприсутна во јавноста отколку што би сакала. Причината - премолчените контакти со терористичката келија од Цвикау.

Уве Мундлос. Беате Чепе и Уве Бенхард се општо познати како членови на десноекстремистичката група „Националсоцијалистичко подземје“, на чие конто одат најмалку десет убиства и бројни напади од непријателски мотиви кон странците од 2000. до 2007. година.

Заради заштита на слободниот демократски поредок на Германија меѓу другото и од вакви напади, во земјата постојат три тајни служби - Службата за заштита на уставот како внатрешна, разузнувачка служба, контраразузнувачката Бундеснахрихтендинст (БНД), надлежна за странство и МАД, Воената тајна служба, надлежна за Бундесверот. 

Deutschland Terror Neue Durchsuchungen gegen mutmaßliche Nazi-Terrorhelfer Kombo

Терористичкото трио од Цвикау

Десноекстремни информанти

Тајните служби имаат пред се‘ превентивна улога со цел разоткривање на одредени работи. Во прв ред тие собираат информации, ги вреднуваат и ги пренесуваат натаму. Но, токму кај последново во случајот со групата од Цвикау има повеќекратно потфрлување. Тоа го констатираше и Анкетната комисија на Бундестагот, формирана на почетокот од годинава од сите пратенички групи, која требаше да ја разјасни аферата со НСУ. Најновата епизода во веќе нараснатиот скандал - Анкетната комисија дури сега дозна дека МАД веќе во 1995. година го контактирал Уве Мундлос, кој паднал во очи како десен екстремист уште за време на воената служба, што го направило атрактивен во очите на МАД.

Шефот на МАД, Улрих Бикренхаер уверува дека разговорот со Мундлос не бил никаков обид тој да биде врбуван за соработник.

Тајните служби не дозволуваат увид во актите

Пратениците меѓутоа уште повеќе ги иритира нешто друго, истакнува експертот за десен екстремизам и новинар Патрик Гансинг за Дојче веле. А тоа е што уште во летото членовите на Анкетната комисија на Бундестагот беа во МАД заради рзгледување на актите. На конкретното прашање им било одговорено дека не постои никаков документ за Уве Мундлос. Одговорот фактички бил точен, зашто записникот од разговорот со Уве Мундлос бил уништен! Но, бидејќи МАД него претходно го препратил до БНД и останатите покраински служби, никој не спомнал. А тоа не е единствениот гаф, неодамна се дозна дека Службата за заштита на уставот во ноември минатата година уништила важни документи.

MAD-Präsident Ulrich Birkenheier

Шефот на МАД, Улрих Биркенхаер

Контролата врз тајните служби се чини тешка. Надлежни за нивно редовно надгледување се различни парламентарни контролни комисии на покраинско ниво, како и Контролното тело на Бундестагот на сојузно ниво. Владите на покраинско ниво и сојузната треба да бидат информирани за она што го преземаат тајните служби. Во аферата со групата од Цвикау тоа во основа потфрлило. Но, и Анкетната комисија на Бундестагот која за задача има расветлување на аферата со НСУ очигледно е попречена во својата работа.

„Службите за безбедност и владата очигледно не сметале за потребно да ја информираат Анкетната комисија за појавувањето на акти директно поврзани со терористичката келија од Цвикау“, заклучува Генсинг.

Немарен однос кон актите

Зад тоа не се крие намера, верува новинарот Ханс Лајендекер, кој разоткри бројни политички скандали. Најголемиот проблем е интерниот однос на тајните служби со податоците.

„Мислам дека се работи пред се‘ за глупавост“, вели Лајендекер. Архивата била толку лошо водена, што речиси никој немал преглед и актите делумно биле уништувани своеволно.

Но, при целиот гнев околу исчезнатиот доказен материјал Лајендекер овде гледа и позитивна работа.

Hans-Christian Ströbele MdB Bündnis 90/Die Grünen

Ханс Кристијан Штребеле

„Го сметам за чекор напред тоа што тајните служби не чуваат вечно акти за други луѓе“.

Така се врши заштита на правата на личноста и оние кои имале досие во тајните служби имаат шанса за ресоцијализација.

Сеедно дали се работи за намера или хаос, за тајните служби да бидат ефикасно контролирани, потребни се стручни луѓе. Таков е пратеникот од Партијата на зелените, Ханс - Кристијан Штребеле, кој издејствува да излезе на виделина случајот со записникот од разговорот на МАД со Уве Мундлос. Новинарот Патрик Генсинг не го чуди тоа:

„Штребеле има долгогодишно искуство во односот со тајните служби и надлежните тела. Во текот на времето тој создаде добри врски и увид во проблематиката“.

Оле Кемпер/ Жана Ацеска