Си Џинпинг | Теми | DW | 16.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Си Џинпинг

Си Џинпинг, роден на 15 јуни 1953 година, е кинески политичар, генерален секретар на Комунистичката партија на Кина и претседател на Народна република Кина.

Џинпинг е првиот генерален секретар на Кинеската комунистичка партија роден по Втората светска војна. Кариерата ја гради со политички функции во приморските провинции на Кина. На функцијата доаѓа во ноември 2012 година. Оттогаш презема серија мерки за зајакнување на партиската дисциплина и борба против корупцијата. Ја заострува политиката против граѓанските организации и дисидентите, и застапува цензура на интернетот во Кина. Спроведува и длабоки економски реформи и води поагресивна надворешна политика во регионот. Се застапува за слободна трговија и глобализацијата. Влијанието на Кина го зголемува и преку проектот „Пат на свилата“.

Покажи повеќе написи