1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Си замина генералот со остар јазик

Американскиот претседател Барак Обама ја прифати оставката на главниот командант на меѓународните сили за Авганистан, Стенли Меккристал. Негов наследник ќе биде поранешниот главен командант во Ирак, Дејвид Петреус.

default

Стенли Меккристал (л.) и Барак Обама (д.)

Американскиот претседател Барак Обама очекува смена на врвот на командата во Авганистан без проблеми. Се работи за смена на персонален план, а не и на стратегијата, соопшти тој. Обама го назначи генералот Стенли Меккристал на функцијата во Авганистан пред точно една година. Генералот требаше да го спроведе во дело новиот план - што помалку цивилни жртви, а што повеќе контакти со авганистанското население, заради стекнување доверба. Освен тоа, предвидена беше и поголема концентрација на борбата против бунтовниците

McChrystal / USA / Militär

Што му кажа на претседателот?

на авганистанско-пакистанската граница. Меккристал беше оценет за паметен стратег и војник, добро поткован со знаење. Затоа и на конгресмените им беше тешко да се свртат против него, иако никој нема разбирање за неговите изјави за печатот. Официјално и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи предупреди од смена на толку чувствителна функција, како што пишува „Вашингтон пост“. Но, по опширниот разговор во четири очи меѓу Обама и генералот и по седницата на Националниот кабинет за безбедност непосредно по него, американскиот претседател официјално соопшти дека ја прифатил оставката на Меккристал:

„Оваа одлука не ја донесувам поради несогласувања во однос на политиката во Авганистан, стратегијата не е причина за неа. Таа нема врска ниту со повреда на личната гордост. Генералот Меккристал секогаш покажуваше голема приврзаност и совесно ги исполнуваше моите наредби.“

Останува само општото чудење

Обама искажа пофални зборови за генералот, додавајќи дека војните се сепак, поголеми од поединците, било да се тие обични војници, генерали или претседатели. Покрај Обама стоеја адмиралот Мулен, шеф на Генералштабот,

General Stanley McChrystal USA Entlassung

Меккристал ја напушта Белата куќа по разговорот со Обама

идниот главен командант во Авганистан, генерал Петреус и американскиот вицепретседател Џо Бајден. За него Меккристал упати особено непријатни зборови во магазинот „Ролинг стоун“, за што Обама изјави:

„Односот кој се покажува во статијата не е во согласност со нужните правила, на кои треба да се придржува еден генерал. Цивилната контрола над војската е с`ржта на нашата демократија.“

Преведено, Обама не може да го задржи генералот кој неговите и одлуките на неговите соработници ги критикува во печатот. Зошто Стенли Меккристал тоа го направи, сигурно му кажал на претседателот во четири очи. Јавно, нема објаснување, останува само општото чудење.

Автор: Силке Хаселман / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска