1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ситуацијата со пожарите во Македонија се усложни

*

Поради ширењето на огнената стихија кај Катланово, евакуирано е селото Брезница. Реонот го посети и македонскиот премиер Никола Груевски. Во текот на ноќта овој и пожарот кај Матка се локализирани. Два нови пожара од поголеми размери се распламтеа во околината на Крушево и на Струмица, но според владиниот портпарол Ивица Боцевски, нема потреба од натамошни евакуации.

Во Македонија во сегашниот топлотен бран се регистрирани преку 200 поголеми пожари, во кои за среќа нема човечки жртви, но изгореа големи површини шума. Во земјата пред два дена се воведени вонредни мерки и напомош е повикана армијата.