1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ситуацијата на Ромите во Македонија е подобра од било каде

Интервју со Ебен Фридман од САД,соработник на Европскиот центар за малцински прашања,кој подолго време ги истражува малцинствата во Македонија,што го водеше Нада Штајнман

Ромска населба во Словачка

Ромска населба во Словачка

Господине Фридман,вашата задача на Балканот е да ги испитате малцинствата,посебно се бавите со ромското малцинство.Од вашите досегашни истражувања,каква е ситуацијата на ромското малцинство во Македонија?

-Може да се каже дека ситуацијата на Ромите во Македонија денес е веројатно подобра отколку било каде и било кога.Меѓутоа,факт е дека Ромите и понатаму остануваат најмаргинилизираната група во една земја,значи во Македониа,која и самата е релативно маргинилизирана во регион кој и самиот е на маргините,така што останува уште доста простор за подобрување на состојбата на Ромите не само во Македонија туку и пошироко.

Ситуацијата на Ромите не само во Македонија туку и воопшто во бивша Југославија беше релативно добра.За првпат на подрачјето на екс Југославија имаше училишта на ромски јазик ,имаше телевизија,радио.Дали таа ситуација значи тоа почитување на ромските права,не се одразува се до денес?

-Мислам дека тоа се рефлектира до денес делумно,со тоа што некои од факторите кои според мене придонесувале кон култивирањето,промовирањето на ромската култура во СФРЈ остануваат во денешната Република Македонија и во некои случаи се и посилни.

Според вашите сознанија,кога се појавуваат првото радио и ТВ на ромски јазик во поранешна Југославија?

-Првите иницијативи во оваа област почнале веќе во 70-те години,најпрво со публикации,подоцна со радио и на крај со ТВ.Исто во 80-те години ппчнало образование на ромски јазик.Интересно е да се забележни дека повеќето од тие иницијативи започнале таму каде живеело исто релативно бројно албанско население.

Зошто во поранешна Југославија се настојувало да се форсираат правата на Ромите преку институциите?

-Според моите сознанија,било во интерес на поранешните југословенски,како и на денешниет македонски власти да покажуваат дека можат да се соочуваат со малцинствата.А и во случајот на Ромите тоа е многу полесно отколку во случајот со Албанците,со тоа што Ромите се помалубројно население и политички помалку активно.

Вие рековте дека ситуацијата на Ромите и денесе не е добра на Балканот,но на пример,иако има емисии на ромски јазик,Ромите не ја разбираат програмата на ромски јазик,туку слушаат на македонски,затоа што не е дефиниран јазикот.Постои ромски јазик што го разбираат сите Роми во светот?

-Ромскиот јазик е стандардизиран во неколку наврати,само што стандардизациите не се сите исти.Заради тао не постои едне дијалект што го разбираат сите Роми во светот,но тоа е можеби премногу амбициозен проект,со оглед на тоа што Ромите живеат во многу земји.

Изразот,поимот Ром,од каде потекнува,дали е вообичаен на Балканот или сеуште кај народот постои израз кој се уупотребуваше и кој сега не е актуелен-Цигани,односно дали постојат разлики меѓу Роми,Ашкали,Египѓани,кои се сите тие подгрупи на Ромите?

-Што се однесува на терминот Ром,се користи во поранешна СФРЈ во официјален контекст уште од 1971 година,кога била воведена категорија за пописот Ром наместо Циган.Тоа според мене се чувствува доста силно во општеството барем во Македонија и во делови од Србија каде исто така сум поминал доста време,со тоа што повеќето луѓе со кои се среќавам јас,го користат тој термин Ром,иако и терминот Циган се употребува.

Што се однесува до Египќаните,Ашкалите,доколку знам,во Македонија нема Ашкали,дефинитивно не се евидентирани од Заводот за статистика.Теориите за етногенезата на Египќаните се различни,јас занам за една десетина,кои не се апсурдни,но доколку што јас знам нема историски докази дека потеклото на Египќаните Роми е навистина од Египет.Како и да е,според моето мислење тоа е помалку важно од тоа што постои група на луѓе која сака да се декларира за нешто.Со оглед на тоа што тоа не претставува закана за никого,многу е добро тоа што Македонија ги призна како Египќани,дека постои таква категорија во пописот.

Зошто ситуацијата на Ромите во Македонија сеуште не е добра иако има и училишта,телевизии,радио,зошто Ромите и покрај донациите од странство и населби сеуште живеат во Шутка?

-Шутка е многу интерсен феномен затоа што од една страна може да се гледа како сегрегација од страна на државата,меѓутоа,направени се неколку студии кои покажуваат дека фактички,повеќето Роми преферираат да живеат со други Роми,дали преферираат да живеат во Шуто Оризари,тоа е друго прашање,меѓутоа таму каде живеат Роми,тоа место привлекува и други Роми.Самите Роми имаат голем дел од одговорнсота за подобрување на нивната состојба,меѓутоа државата,Македонија,исто така има одговорност,и донекаде македонското општество,иако сметам дека во Македонија степенот на дискредитација е релативно низок,не дека не постои,но постои многу помалку дискриминација во македонското општество, барем кон Ромите, отколку во било кое друго општество за кое знам.Како може да се подобри ситуацијата на Ромите,се работи за тоа делумно што треба многу повеќе ресурси да се префрлат за решавање на проблемите со кои се соочуваат Ромите.Проблемот овде не е само кај државата или само кај Ромите,туку и кај меѓународната заедница.Досега се зборува многу за декадата на вклучувањето на Ромите,меѓутоа,не се гледа многу акција што се однесува на тоа.Освен на областа на образованието,каде е и најпотребно,но ресурсите и во таа област не се доволни за да успее декадата барем според моето мислење.Клучно за иднината на интеграцијата на Ромите во Република Македонија е образованието на Ромите,но истовремено,и општо подобрување на економската состојба во државата,која би дозволила Ромите да се вработуваат врз основа на нивните образовни квалификации.

Што се однесува на образовните квалификации,имаме ромска елита во Македонија,дали има поголем број Роми интелектуалци,дали тој се зголемува?

-Зголемен е бројот,делумно на Фондацијата отворено општество на Сорос,која поддржува пред с е Роми во високото образование,но и на други нивоа,пред с езаради овие иницијативи пред другите,бројот на студенти Роми се зголеми на околу 180,што значи ромската образована елита во Македонија е поголема отколку во другите земји.

Колкав е бројот на Ромите во Македонија?

-Официјалниот број на Ромите во Македонија е околу 56 илјади ако не се лажам,можеби 53 илјади,што значи дека Ромите претставуваат 2,66 проценти од вкупното население на Република Македонија.Меѓутоа,според некои невладини организации кои што поаѓаат од нивните сознанија за број на смејствата,бројката е веројатно околу 100 илјади или малку повеќе.Што се однесува до јазикот,мнозинството на Ромите во Република Македонија зборува на ромски јазик,меѓутоа има исто ромски заедници кои зборуваат други јазици како мајчин јазик,меѓу кои и некои кои воопшто не зборуваат ромски.Да споменам некои,има Роми кои зборуваат турски како мајчин јазик,пред се во источна Македонија,но и на други места,има исто во западна Македонија доста голем број Роми кои што зборуваат македонски како мајчин јазик и како пример да го наведеме Гостивар,каде што мнозинството на ромското население не зборува ромски.Исто претежно во Тетовско има Роми кои што зборуваат албански како мајчин јазик.

Има ли национален концепт за подобрување на ситуаџцијата на Ромите во Македонија?

-Има национална стратегија за подобрување на состојбата на Ромите во Македонија,која што беше усвоена од владата на Македонија на почетокот на 2005 година.

Со оглед на тоа што ја истражувавте ситуацијата на Ромите во Македонија и пред тоа во Чехословачка,дали може да направите паралела?

-Да,таму може да се направи паралела со тоа што се разликувале државните политики кон Ромите односно кон Циганите за време на претходните режими,значи за време на комунистичките режими.Конкретно тоа значи дека во Чехословачка имало доста репресивна политика на асимилација која што не била спроведувана во некоја споредлива форма во СФРЈ и разликите во тие државни политики за време на претходните режими се чувствуваат и ден денес.