1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Ситуацијата на пазарот на работна сила ќе се влоши

И покрај веста дека бројот на невработени во Германија во ноември падна под три милиони, финансиската криза веќе го погаѓа и пазарот на работна сила. На што се должат ваквите предупредувања и проценки?

default

Прогнозите велат дека ќе се зголемува редот пред бироата за вработување

Пазарот на работна сила во Германија во моментов е стабилен. Тоа го потврдуваат и последните статистички податоци според кои бројот на невработени во земјата во ноември повторно се намали и се спушти под три милиони. Сегашната бројка од 2,988 милиони луѓе без работа е најниска во последниве 16 години. Но, и покрај ваквите позитивни вести, шефот на Агенцијата за вработување Ханс Јирген Вајзе, предупредува дека веќе сега има повеќе показатели оти финансиската криза ќе го погоди и пазарот на работна сила. Причина за тоа е успорувањето на стопанскиот пораст, односно најавите на многу компании дека ќе испраќаат работници на принуден одмор. „Добиваме се повеќе побарувања и најави од компаниите дека сакаат да ја употребат мерката принуден одмор. Факт е дека во моментов побарувачката на работна сила е многу голема, но според проценките таа нема да се задржи на вака високо ниво,“ појаснува Вајзе.

Владата презема конкретни мерки

Само во ноември, компаниите низ Германија најавија дека на принуден одмор ќе испратат 57.000 лица.

Deutschland Arbeitsmarkt Berlin Arbeitsminister Olaf Scholz

Министерот за труд Олаф Шолц

Тоа е за 30.000 повеќе од минатиот месец. И според проценките на министерот за труд Олаф Шолц, поради финансиската криза во Германија многу луѓе ќе ја загубат работата или тешко ќе најдат нова. Затоа владата, го зголеми времетраењето во кое може да се користи мерката принуден одмор, а најави и зголемување на можности за дообразување на невработените.

„Во ваквата економска ситуација мора да дадеме знак дека се обидуваме да да сториме се’ за работниците да останат во претпријатијата и кога ситуацијата не е поволна,“ рече Шолц според кој токму затоа е добра мерката, принудниот одмор кој до сега според законот беше дозволено да трае до 6 месеци, да се продолжи на 18 месеци. Министерот додаде дека и покрај сегашната позитивна ситуација на пазарот на работна сила со намалувањето на бројот на невработените, сепак ни претстои тешко време поради финансиската криза.