1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ситуацијата и натаму тешка

Состојбата со доставувањето помош за регионот на делтата на Иравади во Мијанмар што беше најтешко опустошен од циклонот Наргис, е тешка како и досега. Почнаа први бегалски бранови од делтата во правец на градот Јангун.

default

На населението му е потребна помош

Обединетите нации проценуваат дека најмалку половина милион луѓе се обидуваат да избагаат од регионот на делтата на реката Иравади.

Германската организација Лендс Еид која работи на лице место со локални помагачи, забележува во Јангун како „Ако е сеуште можно, луѓето ја напуштаат делтата одејќи пеш на улиците, потоа во мали камиони, во дел и со крави, кои преживеале. Сметаме дека се бара прибежиште најнапред во пошироката околина на Јангун, бидејќи дождот и натаму паѓа во делтата на Иравади“ - вели Ханс Мусвеселс претседател на Лендс Еид.

Безпомошни под дождот

Засилените монсунски дождови имено носат дополнителни количества вода во и онака тешко поплавениот регион на делтата. Со оглед дека повеќето луѓе, поради циклонот кој беснееше повеќе часови, загубија се што имаа - почнувајќи од облеката, па буквално до покривот над главата, тие се сега се беспошно изложени на поројниот дожд.

Испораките на хуманитарна помош главно пристигнуваат до поголемите места во поплавените подрачја, чија инфраструктура меѓутоа истотака е уништена. Бидејќи спасувањето и снабдувањето со помош на настраданите се одвива бавно, многумина единствен излез гледаат во бегство во правец на север, значи кон Јангун.

Воената хунта глува на интернационалните апели

Меѓутоа и сообраќајниците во делтата на Иравади се строго надгледувани од војската и полицијата; Целта е меѓународните хуманитарци и набљудувачи да се држат што е можно подалеку од делтата, како и да се контролира приливот на хуманитарна помош. Од друга страна бегалците треба да бидат запирани.

Апелите на меѓународната заедница до воената хунта во Мијанмар конечно да дозволи меѓународната помош директно да пристигнува во делтата, сеуште остануваат неслушнати.

Ханс Муссвеселс стравува дека предлогот на земји како Франција и САД, воената хунта да се принуди на попуштање, може само да има само спротивен ефект: „Сигурно нема да помогне, пред брегот да се стационира воен брод или со гласни закани да се напаѓа земјата. Тогаш ќе дојде до уште поголема блокада. Тоа значи дека тука мора зад кулисите да се каже, дека може нешто да се даде и тоа да се прави со заедничка соработка. Мора да се има предвид и културата тука, а за тоа секако се потребни дипломатски способности.“