1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ситуацијата добива загрижувачки димензии

Израелската армија од утринава целосно ги држи под блокада приодите кон Либан, како дел од акцијата за спасување на двајцата војници киднапирани од страна на Хезболах. Според последните информации во нападите на израелската армија во Бејрут и околината загинале десетици либанци, меѓу кои има и деца.

Блокиран приодот од сите страни, Бејрут

Блокиран приодот од сите страни, Бејрут

Израелската армија ги предупреди либанските власти целосно да го евакуираат јужниот дел од Бејрут каде се верува дека се крие лидерот на милитантната Хезболах, Сајед Хасан Насралах.

Целосно се блокирани приодите кон пристанишните градови Саида, Туре, Бејрут и Триполи со цел спречување на трансфер на оружје и намирници за милитантите. Од утрината е затворен и меѓународниот аеродром кој беше цел на воздушните напади.

Погодено е и седиштето на телевизиската станица Ал Манар, како дваесетина мостови и патишта кои се тешко оштетени. Агенциите јавуваат за 50 загинати припадници на хезболах и цивили меѓу кои има и деца.

„Седевме во дневната соба задно со мојот маж и дете. Штотуку направив кафе и на скалите сакав да испушам една цигара, кога одекна серија од три силни експлозии„ изјави една жена која заедно со семејството се крие во засолниште

Хезболах како одговор испука најмалку 60 ракети од типот Каќуша на израелска територија. Од градот Сафед во северен Израел се јавува за 11 повредени. Милитантната организација предупреди дека ќе го нападне и градот Хаифа, доколку израелската армија го нападне Бејрут и неговите јужни предградија.

Израелскиот министер за одбрана Хаим Рамон изјави дека Либанската влада ќе плати скапа цена заради киднапирањето на двајца и убиството на осум војници од страна на Хезболах. Амбасадорот на земјата во ОН Ден Гилерман изјави дека акцијата е објава на војна од страна на Либан чија влада е одговорна за настаните:

„Израел ќе реагира на секој можен начин за да ја обезбеди својата граница, безбедноста на своите граѓани и ослободување на затворениците„

Портпаролот на израелското министерство за надворешни работи Гидеон Меир предупреди дека акцијата на Хезболах е координирана од неколку страни:

„Сведоци сме на три терористички организации, Хамас, Исламски Џихад и Хезболах, кои всушност соработуваат со амин на Дамаск и Техеран. Она што го гледаме е хезболизација на појасот на Газа„

Германскиот канцелар Ангела Меркел ги повика силите во регионот на деескалација на конфликтот кој е најтежок во оваа деценија. Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека во случајов Сирија треба да се смета за одговорна и го повика сирискиот лидер Башар ал Саад да помогне во притисокот Хезболах да ги ослободи израелските војници. САД повикаа на воздржаност но сметаат дека Израел има право на самоодбрана. ОН, Париз и Москва ги предупредија и двете страни на опасноста од ескалација на конфликтот и му забележија на Израел за прекуменрна употреба на сила. Палестинскиот претседател Махмуд Абас предупреди на опасноста од регионална војна. Проблемите на Блискиот исток ќе бидат главна тема на состанокот на министрите за надворешни работи на арапските земји во сабота во Каиро.

Во меѓувреме израелците не се откажуваат и од интервенции и во појасот на Газа каде во текот на ноќта била ракетирана канцеларијата на палестинскиот министер за надворешни работи Махмуд ал Захар. Агенциите јавуваат за најмалку 24 загинати палестинци во текот на ноќта.