1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ситуацијата во Фукушима 1 и натаму непредвидлива

Ситуацијата во јапонската атомска централа Фукушима 1 и натаму е надвор од контрола. Од неа и натаму истекува плутониум. Според јапонскиот премиер Наото Кан, состојбата е сериозна и непредвидлива.

default

Јапонскиот премиер Наото Кан изјави дека несреќата со нуклеарната централа „Фукушима 1“, која беше сериозно оштетена од земјотресот и цунамито на 11 март, се наоѓа во фаза во која се бара максимална внимателност.

„ Ситуацијата продолжува да биде непредвидлива. Треба да продолжиме да се справуваме со неа со сета своја сила“, изјави Кан пред буџетската комисија на Горниот дом на јапонскиот парламент.

Japan Erdbeben Tsunami Atomreaktor Flash-Galerie

Разурнатите реактори во нуклеарката Фукушима 1

Тој ги отфрли критиките на опозицијата дека неговата посета на местото на несреќата со хеликоптер над Фукушима можеби ги спречила мерките на санирање и помош.

Работите на ремонтот во нуклеарката Фукушима 1 се одвиваат отежнато поради опасно високото ниво на радијација во водата која се има собрано во подземната сала со дизел генератори на вториот реактор. Според соопштението на Владата, таа вода најверојатно била извесно време во допир со делумно растопеното нуклеарно гориво во реакторот.

Покрај тоа, на пет места на територијата околу нуклеарната централа „Фукушима 1“ вчера беа откриени траги од плутониум, иако, според тврдењата на претставници на фирмата Тепко, која управува со центаралата, во незначително и безопасно количество.

Автор: ЖА/СН/дпа/миа

Редактор: Симе Недевски

DW.COM