1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ситуацијата во Украина се заострува, се заканува опасност од расцеп на земјата

Опозицијата им постави ултиматум на претседателот Леонид Кучма и премиерот Виктор Јанукович до денеска навечер да поднесат предлог за преговори за предавање на власта на опозициопниот лидер Виктор Јушченко или пак за повторување на вториот круг од претсдателските избори.

Крај на деновите на добра атмосфера на протестите во Киев?

Крај на деновите на добра атмосфера на протестите во Киев?

Една недела траеше добрата парти-атмосфера на масовните демонстрации во центарот на Киев. Синоќа опозицијата ги прогласи за неуспешни разговорите во работните групи и му постави 24-часовен ултиматум на претседателот Кучма: “Прво: отпуштете го премиерот поради фалсификување на изборите. Второ: следете го решението на парламентот од 27-ми ноември и согласете се со смена на изборната комисија. Трето: Отпуштете ги шефовите на администрацијата во областите на Доњецк, Луганск и Харков, иницијатори на барањето за автономија. Четврто: дајте им налог на јавниот обвинител и на шефот на полициските органи на Украина да подигнат обвинение против сепаратистите кои сакаат да ја поделат земјата” – рече опозиционерката Јулија Тимошенко пред 300 илјади луѓе на Плоштадот на независноста. Таа уште му се закани на претседателот Кучма дека опозицијата ќе го тужи и него поради злосторство против украинскиот народ ако не ги исполни барањата од ултиматумот. Таа ја повика армијата да застане на страна на народот.

Во работните групи фронтовите беа тврди од самиот почеток, зашто обајцата кандидати се гледаа себе си како победник на изборите. Опозиционерот Јушченко сакаше да оствари повторување на изборите, што Јанукович, веќе прогласен за победник, го одби.

Знаци за заострување на ситуацијата имаше уште од неделата попладнето кога Кучма и‘ префрли на опозицијата дека поради непопустливоста е виновна што не одат разговорите во работните групи, зашто компромис бил единствен излез. Јанукович, пак, во источниот дел на земјата ги форсира стремежите за отцепување од земјата преку референдум, што досега беше оценувано само како изборна тактика. Јанукович поддршка на лице место доби од градоначалникот на Москва Јури Лушков, што го поставува и прашањето за улогата на Русија во заострувањето на конфликтот.