1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ситуацијата во Турција

Спорот меѓу владата и армијата во Турција околу изборот на нов претседател на земјата доби нови димензии. Премиерот Реџеп Таип Ердоан од исламско-конзервативната АКП ја повика армијата да остане во касарните. По средбата со генералштабот, Ердоан изјави дека изјавите на армискиот врв се непријателски. Генералштабот имено, ја обвини владата дека со нејзиниот кандидат за претседател Абдулах Ѓул, го загрозува уставот на земјата со кој е предвидена стриктна поделба на верата и државата. Европската унија ја предупреди турската армија да се држи настрана од политиката. Во соопштение на германското претседателство на Унијата се вели дека врз изборот не смее да влијае притисок однадвор.