1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ситуацијата во Ирак и натаму е затегната

Во голем број градови во борбите меѓу бунтовниците и окупационите трупи од викендот наваму загинаа најмалку 200 лица, меѓу нив и голем број цивили

Ранет американски војник во Ирак

Ранет американски војник во Ирак

Вчера во хеликоптерскиот напад врз една џамија во Фалуџа загинаа најмалку 40 лица. Како реакција на состојбата, Соединетите Американски Држави привремено ќе го задржат сегашниот број војници. Министерот за одбрана Доналд Рамсфелд во Вашингтон призна дека станува збор за сериозен проблем.

Рамсфлед најави дека војниците кои оваа пролет требаше да се вратат дома, ќе мораат да останат таму каде што се стационирани. Тој рече дека бидејќи американската армија сега се наоѓа во фаза на промена во Ирак во моментов има повеќе војници отколку што беше предвидено. “Тој пораст ќе го искористиме“, а промената на трупите ќе се одолговлекува за искусните војници да можат да се соочат со актуелната ситуација. Според информациите од Пентагон во моментов во Ирак има 135 илјади војници, додека вообичаениот број е 115 илјади. Рамсфелд истовремено најави решителен настап против радикалниот шиитски лидер Моктада ал Садр. “На човекот по кого трага ирачкото судство нема да му биде дозволено да го спречи процесот на обнова во земјата“:

“Ние знаевме дека ќе има ризици за време на ротацијата на трупите и дека расте ризикот за насилство за време на перидот на аџилаштво. Расте и ризикот од напади како што се наближува периодот за враќање на суверенитот на Ирак“.

Бројот на приврзениците на Садр, Рамсфелд го процени на околу 6 илјади.

Американскиот генерал Марк Кимит за ТВ-каналот СиЕнЕн изјави дека американската армија и натаму ќе бомбардира џамии во случај тие да бидат корситени како складишта за оружје или за напади, иако според Женевската конвенција напади врз религиозни објекти се дозволени само под посебни услови. Тоа го знае и генерал Кимит:

“Тоа е свето место, нема сомневање. Но, може да биде нападнато ако тоа е неопходно за војувањето, односно ако непријателот таму складира оружје или го користи за напади“.

Во меѓувреме, демократскиот претседателски кандидат Џон Кери упати тешки обвинувања на сметка на владата на претседателот Џорџ Буш. Време е Буш да ја вклучи меѓународната заедница и да предложи поинаква политика, изјави Кери за СиЕнЕн. Американската окупавција тој ја нарече "хаос", додавајќи дека била голема грешка што од обновата на Ирак биле исклучено државите што беа против војната.